Зборовите на Путин за заземање на Киев извадени од контекст
- Gjorgji Risteski
- Sep 2, 2014
- 1 min read
Зборовите на рускиот претседател Владимир Путин за можноста за "Киев да се освои за две недели", беа извадени од контекст и имаа различно значење. Ова беше објавено денеска од помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, коментирајќи го објавувањето во италијанскиот весник "Ла Република". Беше цитиран шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, кој на состанокот на Европскиот совет ги соопшти деталите од телефонски разговор со рускиот лидер. Според весникот, Баросо рекол: "Кога побарав од (Путин) руските сили, кои ја преминале границата со Украина да се вратат, рускиот лидер продолжи со закани." "Не, тоа навистина не е проблем. Ако сакам, јас ќе го заземам Киев за две недели,." – го цитирал Баросо претседателот на Руската Федерација. Според оценките на Ушаков, откривање на детали од телефонски разговори на претседателот на Европската комисија е "некоректно и излегуваод рамките на дипломатската пракса." "Ако ова е направено, мене ми се чини дека има недостојност за сериозно политичко делување", - рече претставникот на Кремљ. "Биле изговорени тие зборови или не, според мое мислење, овој цитат е извадена од контекст и имаше сосема друго значење," - рече Ушаков. Претставник на Кремљ уште еднаш ги негираше извештаите на некои медиуми за влез на руските трупи на територијата на Украина, "Интерфакс"
Инаку, детали од разговорот со Путин , без негова согласност, лани објави и секретарот на НАТО, Расмусен. По ова коментарот на Путин беше дека тој не е сериозна политичка фигура и не залужува внимание. После „злопупотребата“ на телефонскиот разхжговор, Путин и Расмусен поовеќе никогаш не комуницирале.
Медиумската војна меѓу ЕУ, НАТО и Руската федерација и натаму продолжува.
Comments