top of page
СЛЕДИ

УПАД ВО СОБРАНИЕТО, СЦЕНАРИОТО НА ГРУЕВСКИ, ВО РЕЖИЈА НА ЧАВКОВ

  • Воисолав Зафировски
  • May 2, 2017
  • 4 min read

Обидот на ДПМНЕ да ја злоупотребува собраниската говорница со цел да не се дозволи избор на претседател на Собранието заврши. Последиците беа предвидливи за сите кои следеа што се случуваше во собраниските клупи, освен за раководителот на оперативниот штаб на МВР, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој имал задача да го одржи јавниот ред и мир за време на протестите на здружението За заедничка Македонија и да го обезбеди периметарот околу собраниската зграда, барем официјално така соопшти на прес конференцијата, на која декор му правеа тие што асистираа на упадот во Собранието. Недозволиво е челниците на ДПМНЕ да се прават наивни и да се прашуваат зошто парламентарното мнозинство го избрало Талат Џафери за претседател на Собранието во 18 часот, кога било јасно на сите дека тогаш пред Собранието се собирале демонстрантите и дека токму тој чин го поттикнал нивниот гнев. За да не прашуваат глупости, треба да знаат дека Вељановски упорно злоупотребувајќи ја позицијата на претседавач со конститутивната собраниска седница, одбивајќи да се гласа согласно деловникот за предлогот на Спасевски за избор на претседател на Собранието, седницата ја прекина во 17,58 часот по што парламентарното мнозинство овластувајќи го вториот најстар пратеник г-дин Ферид Мухиќ да ја продолжи седницата и да се помине на точката избор на претседател на Собранието на Република Македонија. Токму затоа изборот на Џафери се случи после 18 часот. Чавков на прес конференцијата кажа дека во штабот не знаеле дека дента после 18 часот ќе се избирал претседател на Собранието и соодветно на тоа, претпоставил дека протестот како и до тогаш ќе се одвива мирно и без инциденти. Заради таквите проценки не биле ангажирани соодветен број полициски службеници. Страшно лоша, непрофесионална или намерно направена лоша проценка, заради што Собранието беше буквално отворено, небаре е ден на отворени врати, па џганот си влезе во собранието и почна по ред да крши, да тепа и да извикува - Живи ќе ве јадеме! Апсолутно неприфатливо и несватливо е покрај полицајците да се шеткаат насилници со фантомки и качулки на главата, а тие да не реагираат; несватливо е полицајците да седат потпрени по гелендерите во Собранието а џганот да тепа пратеници, новинари и неистомисленици; зарем до толку ги потценувате граѓаните на Република Македонија вие господине Чавков, заедно со вашите сценаристи Груевски и Иванов?! Зарем стварно мислите дека некој ви верува на глупавите оправдувања?! Сепак најголемата глупост што можел да ја направи и ја направил, која говори за тоа каков професионалец е Чавков, како што изјави Груевски, контактирал со него, а замислете бил недостапен за министерот за внатрешни работи. Господине Чавков, вам шеф ви е министерот за внатрешни работи, а не Груевски, ако со некого требало да сте во контакт, тогаш пред се, требало да одговорите на повиците на министерот, а не на Груевски...или имате стар долг кон него кој треба да го одработите, па на пресот се правите недоветен и небаре немате појма за тоа што се подготвува!

Ваквата релација, како и манифестираната инертност на полицијата, експлицитно покажува кој е автор на сценариото, а кој е режисерот. Во прилог на ваквата констатација оди и фактот што Чавков, Груевски и Дамовски излегоа со идентична изјава околу тоа дека народот бил испровоциран од однесувањето на СДСМ и парламентарното мнозинство и затоа упаднале во Собранието. Демек, вината е кај парламентарното мнозинство, кое се одважи и го прекина узурпирањето на парламентарната говорница, а не ја гледаат вината кај оние што повикуваа на ноќ на долгите ножеви, не и кај оној што предлагаше ударање шамари на неистомисленици, не ниту кај оние што повикуваа на воскреснување на Ќосето... Море копуци, дури и да е така, местото на насилниците, местото на џганот, на оние со краток фитил им е во затвор, не на улица, не меѓу мирољубиви граѓани, бидејќи се опасни некои фраери, кои со логистика од одреден број избрани луѓе од полицијата тепаа пратеници, новинари и неистомисленици, кршеа мебел и опрема на телевизиските екипи. Сега на потег е Зврлевски...во продолжение да одработи за правдата или можеби за сценаристот. Не би ме чудело да излезе дека во метежот Села, Заев и другите сами се повредиле, а оние што тепаа со камерманските сталки и тргаа за коса се снимки претходно подготвени, сечени лепени и монтирани заради што немаат употребна вредност. Е Чавков, Чавков, во чив скут си седнал, како не се срамиш ти да говориш за професионализам, ти кој според се ова што го видовме и слушнавме даваш отчет на погрешен човек и си активен учесник во реализацијата на сценариото на Груевски, при тоа манипулирајќи ја полицијата за чисто партиски цели. Среќна околност е што најголемиот број граѓани на Република Македонија се совесни, одговорни и поголеми патриоти од вас и од насилниците кои ја брукаат нашата заедничка држава. Сепак, ако имаш совест, ако имаш човечка и професионална доблест би требало да знаеш дека доволна е вашата лоша проценка за одржувањето на јавниот ред и мир и заштитата на периметарот околу Собранието, а секако и последиците од неа, за ти Чавков заедно со тие што ти дишеа во вратот на прес конференцијата да си дадете отставки и да барате работа во СГС...и не заборавајте дека многу добро се познаваме, уште од студентски денови господине Чавков.


 
 
 

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page