top of page
СЛЕДИ

МРТВ(А)

  • Воислав Зафировски
  • Mar 21, 2015
  • 3 min read

mRTVA.png

Случајно, верувајте сосема несакајќи, вртејќи по програмите, завртев на МРТВ 1. Веројатно дневникот беше во тек, кога се појавува еден врвен аналитичар, Ристо Никовски, кој кога го слушам, се прашувам дали човеков сака користејќи се со теоријата на заговор, сите да не направи параноични, да се плашиме од се и сешто, небаре сме во минатиот век, во времето на ИБ.

Човеков се труди од петни жили да докаже дека во целиот случај на прислушкување, тоа го правела странска разузнувачка служба, се повикува на некакви информации кои наводно некој му ги кажал, а кутриот и не е свесен дека со тоа ги закопува токму тие што се обидува да ги брани! Тој не кажува на јавноста кој тоа според уставот и законите во нашава Република Македонија е надлежен и одговорен да ги заштити човековите слободи и права, а особено правото на приватност; не кажува како е можно толку и толкави институции цели три четири години да не знаат дека "некој странци" прислушкувале преку 20.000 граѓани, кои со право сега треба да ја тужат државата и да бараат да бидат обесштетени; не кажува дека во која било демократска земја тие што ги раководат тие ресори и служби, за многу помали гафови, заминуваат од политичката сцена, а опашката им останува запишана во историјата на таа земја...е јаден ли е тој што се довел во позиција еден таков аналитичар да го брани, ќе го усреќи. Исто така, новинарот што го подготвувал прилогот, си дава за право да ја замајува јавноста со тригодишната казна на еден од осомничените за шпијунажа, кој наводно го признал делото и веќе тоа е крунски доказ дека странска служба стои зад прислушкувањето. Наместо такви, празноглави коментари, јавноста треба да се информира за тоа што предвидува законот за една таква ситуација. Во таа смисла, коректно би било новинарот ако не знае, да праша за кои кривични дела јавниот обвинител може да се договара околу висината на казната. Тоа се делата за кои е пропишана максимална казна затвор до четири години, или во превод, ако за делото кое се става на товар е предвидена казна затвор повисока од четири години, тогаш нема договарање, се оди на судење. Втората работа која новинарот треба да ја знае е дека за шпијунажа и соработка со странска служба е предвидена многу повисока казна од четири години, така што, ако обвинителството се држело до словото на законот, неможело да договара казна, туку морало предметот да го даде на судење. Значи, јас имам сомневање околу делото заради кое, во договор со јавното обвинителство некому му се пресудени три години затвор. Сакам да кажам дека граѓаните и не ги знаат овие законски финеси, а и како да ги знаат кога за правен експерт ја третираат Каракамишева, која како од топ, без да има какви и да се расположливи факти, сугерираше покрај другото некој да се обвини и за велепредавство (?!), а не професори кривичари или процесуалисти. Токму за тоа и таквите информации кои ги пласира националниот сервис, ме болат оние пари што мора секој да ги одвојува за безсрамно да се презентира и брани само една вистина, онаа вистина на некадарните да ја обезбедат и гарантираат приватноста, како столб на корпусот човекови слободи и права кои се гарантирани со уставот и законите на Република Македонија; на тие што дозволиле стрнци да го прислушкуваат државниот врв, новинари, граѓани (под претпоставка да е баш така како вели горе спомнатиот "аналитичар"; што мора човек да слуша "аналитичари", "експерти" кои се обидуваат на граѓаните да им стават розови очила, еј доста е, не е доволно, премногу е. Јавниот сервис треба да е сервис на граѓаните, а не еквивалент на Сител, Алфа и Канал 5. Ако за нив имам разбирање, како приватни телевизии кои мораат да вршат работа за тие што плаќаат, националниот сервис мора да биде објективен и работите да ги кажува со вистинско име, бидејќи граѓаните го плаќаат и очекуваат поинаков, не подлизурковски пристап, особено во информативните програми. Е, МРТВ, можеби не е коректно, но ќе кажам, на мојот телевизор покрај кратенката е додадено уште едно А.

 
 
 

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page