top of page
СЛЕДИ

РИБАТА ПРДНА, А НЕ НАПРАВИ КЛОМБУРЕЦ

  • Воисолав Зафировски
  • May 2, 2017
  • 4 min read

StartFragment Целокупната македонска и светска јавност беше згрозена од сцените на крвавото насилство во Собранието, непосредно по изборот на Талат Џафери за негов претседател. Инертна полиција, врати ширум отворени, насилници со фантомки на главите, недолични скандирања, пцости, фрлање столици, парчиња мебел, брутално тепање на пратеници, новинари и неистомисленици...преку стотитина повредени, со еден збор хаос, хаос кој ја отсликува институционалната криза и длабоката поларизираност како резултат на неразумните политички елити. Откако работите полека се смирија, откако полицијата во доцните вечерни часови воспостави некаков, каков таков ред, бомбастично беше најавена прес конференцијата на неговата екселенција претседателот на Република Македонија, професор д-р Ѓорѓе Иванов. Храбар човек, замислете Груевски уште не се вратил од пат, а по телефон добро и не се разбрале, па Иванов држи прес конференција на која со ниту еден збор не го осуди насилството во законодавниот дом. Но затоа ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба кај него. Одговорот кој единствено го заслужува, дојде од никој друг туку од Ахмети - каква лидерска средба кај Иванов, тој не е дел од решението на проблемот, тој самиот е проблем. Груевски се обиде и во голема мера му успеа да ја излаже јавноста со т.н. Тиранска платформа на што, промовирајќи го како сопствен изум се залепи и Иванов, па спротивно на Уставот не дава мандат на парламентарното мнозинство. Тиранскиот документ в'сушност е декларација потпишана од политичките партии на албанците во Република Македонија кои се основани согласно Уставот и законите и како такви се регистрирани во Централниот регистер.

Ако има нешто спротивно на Уставот и законите во Тиранската декларација, во државава има институции кои се надлежни да спроведат постапка и ако се докаже каква било против уставна или субверзивна активност на која било од партиите, ќе биде поништена нивната регистрација, ќе бидат избришани од Централниот регистер, а инспираторите и креаторите на таквите активности ќе бидат соодветно обвинети и казнети за тоа. Очигледно не станува збор за такво нешто, бидејќи ниту една од надлежните институции не покрена каква било постапка.

Веднаш под покровителство на ДПМНЕ се формира здружение За заедничка Македонија кое стана гласник на својот покровител. ОК на ДПМНЕ по СМС секојдневно го повикуваа членството да учествуваат во протестите и да вежбаат улична демократија тврдејќи дека државата ни е нападната. Се појавија братства и групи - Ќосето; Александров; Тошев...се во контекст на идеата да не се дозволи мирен трансвер на власта во државата и одбрана на нејзината унитарност. Унитарноста подразбира важење на исти закон на целата територија на Републиката и нивно спроведување преку систем на ефикасни функционални институции на централната и локалната власт. Ако навистина беше доведена во прашање унитарноста на државата, рибата од аквариумот требаше да свика седница на Советот за национална безбедност и да и соопшти на јавноста кој/и се тие што го загрозуваат унитарниот карактер на државата; на кој начин се чини тоа и секако, да издаде задолженија на институциите за надлежно постапување. Во таков случај и Зврлевски - baby face, ќе имаше друга обврска, а не онака загрижено и посветено да бара заштита на законитоста за притворот на Сеад Кочан, кој со парите од тендерите, тешки преку 17 милиони евра, несомнено е дел од нивното големо друштво. Дали има некој што би поверувал дека упадот во Собранието и се што се случуваше во него не е сценарио со кое бил запознает и Иванов, особено по отсуството на осуда за насилствата?! Не знам, но по се изгледа Иванов знаел што се планира и знаел за тоа каков е планот по упадот во Собранието, па затоа и не смогна човечка доблест (бидејќи никогаш немал државничка), барем заради граѓаните на Република Македонија, заради меѓународната јавност и заради функцијата која (не) ја извршува, да изрази осуда за насилството, да изрази жалење за повредените или не дај боже да појде да ги посети.

На тој начин, вие господине Иванов дури и несвесно признавте дека сте го знаеле сценариото и воопшто не жалите за последиците. За разлика од вас, вашиот ментор Груевски кои го осуди насилството, но предвидува дека и натаму ќе се случува народ, се обидува да ја излаже јавноста дека не стои зад овие насилства...та белки знае дека секој ден од ОК на неговата партија и по негов налог со СМС пораки се повикува членството на масовно излегување на протестите? За тие што не веруваат можам да ви ги обзнанам и телефонските броеви од кои се испраќаат пораки со такви содржини. Токму затоа Али Ахмети е сосема во право кога вели дека Иванов не е дел од решението, туку дека е генератор на проблемот. Човекот се однесува како да го донеле од друга планета на која се негуваат поинакви цивилизациски вредности.

Лидерите на партиите не му појдоа на лидерска средба, секако освен Груевски кој со своите изјави се повеќе се вплеткува во сопствената мрежа.

Е, Иванов, Иванов пресот ти беше исто како риба да прднала во аквариум, ни кломбурец не можеш да направиш, а камо ли да ги ставиш државните интереси над интересите на ДПМНЕ. Токму затоа, за работата да не наликува како рибата да прднала во аквариумот, Иванов во иднина може да си поканува претседатели на Месни заедници или на куќни совети, тие веројатно би му дошле, а и тој ќе може некогаш и за нешто да ги посети. Е, ваша екселенцио, претседателе Иванов, на кое демократско дно ја симнавте Република Македонија чекајќи некој друг да ви стави став, за потоа да го браните како ваш автентичен...ни кломбурец веќе не можете сам да направите, така ве перцепира јавноста која според нечии критериуми ја сметате за предавничка, но верувајте токму таа јавност е гарантот за европската перспектива на Република Македонија. EndFragment


 
 
 

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page