top of page
СЛЕДИ

ВОЈНАТА - ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ПОЛИТИКАТА СО ДРУГИ СРЕДСТВА

  • Ѓорѓи Ристески
  • Sep 15, 2015
  • 12 min read


Во екот на европската бегалска криза, јавноста како да заборави на проблемите и протестите во Молдавија, а Украина е симната од вестите на западните медиуми. Што се однесува до нашите медиуми, овие теми одамна се заборавени бидјќи со препишување на западните агенции, во јавноста се пласитаат ставовите што Западот сака да ги „протне“ во светот, односно во бананан-државите како нашава.


По посетата на претседателот на Украина Петар Порошенко на Гермаија и по разговорите со германскиот канцелар Ангела Меркел, прекинаа бомбардирањата на Донецк и Љугањск, а како „награда“ за послушноста, Украина од Германија доби 200 милиони евра кредит. Да може да го решава енергетскиот проблем, особоено со снабдувањето на гас, пороблем кој со сета жестина допрва ќе ескалира.

Покрај „цедењето“ пари од Германија, средбата беше и подготвителен договор во пресрет на состанокот на таканаречена Нормандската четворка, која на 2 октомври треба да се сретне и да заземат решение за „тупик“ состојбата на спорведувањето на договорот Минск 2, со кој беа регулирани чекорите за мирољубливо решение на Украинската криза.

Заглавената состојба за спроведување на мировниот план - Минск 2 ја направи невозможна за реализација токму „чоколадниот“ Порошенко кој фингирајќи уставни измени, што беа предвидени во договорот Минск 2, направи договорот да влоезе во ќорсокак и практично да се врти во круг, без да може да се се реализира. Се разбира, ваквата генијална идеја за уривање на договорот му е всадена од неговите американски поддржувачи.

Но, за да се свати ситуацијата во Украина, односно во побунетите региони Донецк и Луганс, треба да се разбере кој во целата ситуација има интерес и кој не сака или не сака решение. Во Украинската криза директно се замешани Украинскаата влада, која преку таканаречените „карателни операции“ сакаше воено да ги казни непослушните региони Донецк и Љуганск, односно местото попознато како Донбас, дел од Новорусија. Потоа секако спомнатите региони, а „несакајќи“ се змаешаа Руската федерација, Европската унија и САД.

Да одиме по ред и да ги разгледаме интересите на секоја страна пооделно.


МАЛКУ „ПРЕДИСТОРИЈА“ НА ВОЈНАТА


Украинската влада и претседателот Петар Порошенко, дојде на власт по насилните протести на таканречениот „Киевски Мејдан“. По долготрајни протести со многу човечки жртви во Киев, против непотпишувањетио на договорот за пристапување на Украина кон Европската унија од страна на тогашниоот претседател Виктор Јануковиќ, опозицијата, заедно со Десниот сектор и сегашниот премиер Арсениј Јаценук и Секретарот за национална безбедност и одбрана на Украина,Олександар Турчинов, насилно ја презедоја власта во Парламентот, односно Украинската врховна рада. Турчинов стана спикер на Парламентот и ВД претседател на Украина, а Јаценук премиер. Како резултат на ваквиот државен удар, и по заканите за укинување на рускиот јасик како втор официјален во Украина, прво автономната република Крим прогласи независоност и со помош на „невидливите човечиња“ и руската војска која со договор меѓу двете држави беше стационирана во Севастопољ, прогласија отцепување од Украина. Подоцна, со референдум побараа и добија припојување кон Руската федерација. И блиските региони до Крим. Донецк и Луганск, кои главоне се населени со рускојазични Украинци и Руси, се побунија и ја преземаа власта во нивните региони.

Логиката беше проста. Ако во Киев демонстрантите насилно може да ја преземе власта, зошто не се согласуваат со тоа како претседателот Виктор Јануковиќ ја води државата, ние можеме да ја преземеме во регионите. И ние не се согласуваме како ја води новоформираната власт политиката во Украина.



Арсениј Јаценук, премиер на Украина


Откако Донецк и Лугањнск ја преземаа власта во нивните региони, В.Д. прогласениот претседател на Украина и на Киевската Врховна Рада (Парламент), Олександар Турчинов, заедно со многубројните претставници на ултра националистичките и профашистичките членови на таканаречениот Прави сектор (Десен сектор), ја преземаа таканаречена „Карателна операција„ (Казнена операција) за доведување во ред на непослушните Донецк и Лугањнск. Паралелно, со одвивање на казнената експедиција, се почна и со прогонот на членовите на Партијата на регионите, што ја предводеше Виктор Јануковиќ и која претходно ја имаше власта. Се извршија редица неразјаснати убиства на новинари и политички неистомисленици.

На некој начин, „ новите проевропски демократи“ мораа тоа да го сторат.


Олександар Турчинов, Секретарот за национална безбедност и одбрана на Украина


Како што почна работата, по Крим и Донбас, отцепување ќе побара и целата Новорусија, поголема област кон границата со Русија кој опфаќа повеќе региони како; Донецк, Луганск, Одеса, Дњепарпетровск, Запорожје,Харков, а со тоа можеше и да се распадне целата Украина.. Но, не беше се така глатко како што предвидуваа. Народот на Донбас го зеде оружјето и жестоко почна да се брани. Многу бомбардирања, жртви, загинати, ранети, разурато стопанство, бегалци, ... сето како последица на авантурата што ја презема новата власт во Киев кон Донбас.

Украина влезе во граѓанска војна и беше потребно да се преземат чекори за надминување на состојбата и нередот што побрзо да заврши. На новопечената власт и беше потребно да има легитимитет во целата операција. Затоа, прво прогласија дека Донбас е нападнат од странски агресор и ја употребија војската за напад на непослушните Украинци во овие региони односно против „странскиот агресор“. Го повикаа нивниот пријател, богатиот олигарх, Петар Порошенко, еден од главните финансиери на мејданот во Киев,. Му понудија да се кандидира за претседател на Украина,а тие максимално го поддржаа. Порошенко настапи со лозунгот дека е „претседател на мирот“ и дека ќе ја оконча војната. Ги освои симпатиите на поголемиот број 45 милионски народ на Украина, кој разбирливо не сакаше војна. По кратко време, се покажа вистинскот лице на таканаречениот „чоколаден човек“.

(Надимакот го доиби поради затоа што Порошенко е сопственик на најголемата фабрика за производство на кондиторски производи „Рошен“, кој има своја фабрика и во Русија. Покрај тоа, сопственик е на една од најголемите ТВ мрежи – „Канал 5“, сопстевник на авио компанија, на фабрика за производство на оружја и на што уште не...)


“Чоколадниот„ Петар Порошенко, претседател на Украина


Војната не само што продолжи туку и доби на интензитет. Масовно бегство на населението. Едните бегаа кон Киев, другите кон Русија. За да покаже дека е „претседател на мирот“ по меѓународниот притисок, а и особено по жестоката реакција на Народната милиција на Донецк и Луганс, Порошенко, преку поранешниот претсетаел Леонид Кучма, учествуваше на мировните преговори во Минск, под закрилаја на Белорускиот претседател Александар Лукашенко и го потпишаа таканаречениот Мински протокол, сега познат како Мировен договор Минск 1.


Тристраниот Мински протокол беше потпишан во „Претседателскиот хотел„ во Минск на 5 септември 2014 година, а учествуваа поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма, кој имаше овластување од Петар Порошенкои, од руската страна договорот го потпиша амбасадорот на Русија во Украина Михаил Зурабов, а од страна на ОБСЕ, дипломатот Хајди Тељавини. Примирјато требаше да стапи веднаш во сила, а со тоа да се отвори пат за решавање на проблемот со помош на „мировниот план“ на претседателот на Украина, Петар Порошенко. Бомбардирањето никогаш не престана, Порошенко никогаш не престави мировен пкан, а во средината на јануари 2015 година сите го за боравија овој мировен договор.

Се чини дека Порошенко како да симулираше мировно решение за да добие на време бидејќи украинсиката војска, заедно со многубројните доброволни батаљони и странски платеници, финансирани од големите украински олигарси, не можеа да парираат на милицијата на Донбас. Побунетите региони беа помогнати и од многу доброволци дојдени од Русија, но и други држави од светот.

Претседателот на Украина мораше да ја реформира и војската и полицијата, мораше да ја обедини и командата. За неколку месеци смени дури тројца началници на Генералштабот на војската на Украина. Почна да бара оружје од САД и НАТО (делумно и доби по тајни канали), војската почнаа да ја обучуваат инструктори од САД и кого се почувствува доволно силен, кон средината на јануари 2015 година, презема широкиа офанзива во Донбас. По кратките успеси и пробив на териоријата на Донецк и Луганс, украинската воска влезе во многубројни таканаречени котели (опкружувања) и претрпеа огромни човечки жртви. Им беше уништено голем број на тешкото вооружување и техника. Особено во срдината на февруари 2015 година, по опкружувањето во Деблацево, место на север на Луганс, украинската војска се најде во многу тешка ситуација. Беа опколени и под постојан оган повеќе илјади украински војници.

Кога „ѓаволот ја однесе шегата“, западните спонзори мораа да се спасуват тоа што може да се спаси. Беше очигледно дека Украина ќе ја изгуби војната, а со тоа Запад ќе го изгуби својот интерес, во припојувањето на уште една држава протв Русија. За таа цел, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд прво на 5 февруари 2015 година, прво го посетија Порошенко во Киев, а наредниот дел Путин во Москва. По посетата на Меркел во Вашинктон на 9 февруари и по согласноста од претседателот на САД, Барак Обама, предложија и добија „виза“ за организирање нови преговори.

Новите преговори попчнаа на 10 февруари со учесто на министрите за надворешни работи на Норманската четворка, а на 11 февруари, во Киев се сретнаа и претседателите Порошенко (Украина), Меркел ( Германија) Оланд (Франција) и Путин (Руска федерација). По бурната ноќ и 16 часови напорни преговори, беше постинната согласност за прекин на огнот и беше формулирана таканаречената Минск 2 конференција. Претседателите потпишаа декларација за поддршка на мерки за исполнување на Минската спогодба во 13 точки, од која првата беше потполен прекин на огнот на 15 февруари 2015 година.


Александар Захарченко, премиер на самопрогласената Донецка Народна Република


На 12 февруари во Минск пристигнаа и спогодбата ја потпишаа и лидерите на самопрогласените републики ДНР (Донецка Народна Републик), Александар Захарченко и на ЛНР (Луганска Народна Република), Игор Плотницки.

За сегашната состојба во која се наоѓа Украина, многу важно е да се знаат 13-те точки кои беа потпишани во Минск.


Игор Плотницки, претседател на самопрогласената Луганска Народна Република


Според овој протокол, Првата точка беше предвиедно потполен прекин на огнот на 15 февруари, а со Втората точка повлекување на целото тешко вооружуивање на најмалку 50 км и формирање на таканаречена безбедносна зона, повлекување на 70 км. на тешкото воорушување на 100 мм, и повлекување на најмалку 140 км на ракетните системи од типот на Торнадо, Ураган, Смерч, Точка У и слични.

Третата точка предивидуваше мониторинг од страна на ОБСЕ на безбедносната зона и надгледување на повлекувањето на оружјето, а особено беше важна Четвртата точка со која во првите денови по повлекувањето на оружјето, требаше да се почнат преговори за модалитети за организирање на предвремени месни избори, во согласност со украинското законодавство за “Времен поредок на локалното самоуправување во оделните региони Донецк и Луганск, а исто така и за иднината на тие региони врз основа на украинскиот закон. Веднаш по потпишувањето на договорот, а не подоцна од 30 дена, во Врховната рада требаше да се донесе резолуција за времен поредок на локалната самоуправа на Донецк и Луганс според териоторијата и линијата на разграничување на војската и на состојбата од 19 септември 2014 година.

Во Петата точка беше предвидена амнестија за учесниците во војната во Украина, во Шестата точка беше предвидено безусловна размена на затворениците од двете страни, во Седмата беше предивдено непречено доставување на хуманитарна помош Во Осмата точка беше предвидено социјално-економско поврзување на регионите со Украина.

За Украина е особено важна Деветата точка која предвидува целосна контрола на Украинската граница ( во должина од околу 600 км.) кон Русија, која сега ја контролираат ДНР и ЛНР, која требаше да почне во првиот ден по организирање на локалните избори во Донецк и Луганск врз основа на Укринското законодавство и сето тоа да се заврши до крајот на 2015 година, но под услов за извршување на точката 11 од Протоколот, во согласност и со консултација на претставниците на одделните региони Донецк и Луганск, во рамки на тространата контактна група која го спреведува договорот. Тространата контактна герупа ја сочинуваат престставници на Украина, Русија и Донецк и Луганс.

Во Десетата точка е предвидено изнесување на странските вооружени формации и на тешкото оружје и техника од територијата на Украина, под бурното око на ОБСЕ.

Обврската на Украина се содржи во Единаесеттата точка од Договорот, според која до крајот на 2015 година, треба да се проведе измена на Уставот на Украина според кој тереба да се спроведе поголема децентрализација на регионите ( особено со учество на Донецк и Луганск за поголема самостојност). Дванаесеттата и Тринесеттата точка го предвидуваат начинот на водење на преговорите за особениот статус на Донецк и Луганск во рамки на Тристраната група и формирање на работн и групи за проведување на истите.

Тука, делумно завршува и „предисторијата„ на Украинската криза.


По речиси седум месеци, дури деновиве е постигнат прекин на огнот и веќе една недела нема жртви на двете страни. Украинската војска постојано ги бомбардираа регионите, овие жестоко им враќаа, а меѓувреме, Порошенко се правеше да го заобиколи Минск 2.

Прво во Врховната Рада предложи и беше донесен документ за прогласување на Донецк и Луганск за окупирана територија, според кој закон избори можат таму да се одржат дури по нивно ослободување. Потоа, со редица закони забрани да се доставува пензијата и социјалната помош што требаше да ја добијат украинците од овие региони, а со други мерки и блокади настојуваше да ги изолира економски за да не може да опстојат.


Но ни Русија не остана должна во заобиколување на овие закони. Руската федерација спроведе над 15 хуманитарни конвои кои минуваа од Русија во Украина низ границата како низ „швајцарско сирење“.

Врв на лицемерието на спроведувањето на Минск 2 од страна на претседателот Порошенко беше неодамна поднесениот предлог за измена на Уставот на Украина, кој помина на првото читање за „поголема децентрализација на неко региони во Украина“

Според овие измени, некои региони, кои не се таксативно наброени во Уставот, (во сегашниот Устав на Украина регионите се наброени ) ќе имаат поголема слобода во рамките на училишното образование, потпишување договори со други региони и слично. Голама маска која не предвидува финансиска децентрализација, туку напротив, зајакнување на претседателското влијание во Регионите, бидејќи и натаму Претседателот ќе поставува свои гувернерии и своја управа. Згора на се, измените не се направени во согласност со преговори со претставници на Луганск и Донецк. Одговорот на Порошенко е дека не може да се направи измена на Уставот со договоро на Луганск и Донецк, бидејќи нема легално избрани претставници во овие региони. Наскоро, во Украина ќе има локални избори, Донецк и Лиганск се иземени од изборите бидејќи според претходно донесениот закон тие се окупирани територии, а во нив преговори ќе се одржат по нивното ослободување. Па сега се поставува како Украина да преговара со легални избрани преставници на Донецк и Луганск кога не дозволува, поточно не ги признав како регуларни изборите доколку се одржат во овие региони без присуство на украинската власт. Порошенко би дозволил и избори во ДОнецк, но прво бара да се воспостави гранична кон трола кон Русија, односно ДОнецк и Луганс да ја предадат контролата на границата со Русија на украинските граничари. Потоа, може да има избори, но според украинските закони, според кои и други парти, од други региони може да ичествуваат на нив.

Целта и намерата е сосема јасна. Да се опкружат овие два непослушни региони, да се прекине снабдувачката линија кон Русија, а после полесно веоено да се доведат во ред. Потоа ќе може и избори, но правилата тогаш ќе ги пишува Порошенко.

Незамиослива правна ршомонијада, која целата ситуација ја донесе во „тупик“ и за која жешките коштени ќе ги вадат Меркел и Оланд на престојната средба на 2 Октоври на Нормандската четворка.

Сега може и да се видат интересите на секоја страна за спорведување на минските договори.

КОЈ И ШТО КАЛКУЛИРА ВО УКРАИНА?

Прво Украина. Со редицата нелогични закони покажа дека не е за мирно решавање на војната во Донбас. Не само поради тоа што со овој договор таа чесно ја изгубила војната, туку и поради ситуацијата што ќе настане по морот во овие региони. Доневцк и Луганск ќе останат во сотав на Украина, но проблемите ќе се зголемат. Кој ќе ги обновува овие разурн ати региони. Украина и така е пред банкрот и сама не може да се најде со големата инфлација и уште поголемата корупција на целиот државен апарат. Засега, партијата на војната предводена од Порошенко, Јаценук, министерот за ванатрешни работио Арсение Аваков и „специојалецот“ Турчинов, преку хистеричната контрола на медиумите водат успешно „перење на мозокот“ на просечниот Украинец. Но, јавното мислење, а особено сиромаштијата и постојано покачување на цените се менува. Ако пред изборот на Порошенко него го подржуваа над 60 отсто од народот на Украина, сегашниот рејтинг му е нешто помалу од 10 отсто. На премиерот Јаценук поддршката е уште помала, под 1 отсто, а неговата Народна партија нема да улчествува на локалните избори бидејќи се плаши од дебакл. Се поставуа прашање како немкој може да владее со толку мал процент. Значио, ако се смири ситуацијата во Донбас, народот масовно ќе се сврти кон секојдневните проблеми и наскоро може да се очекува нов Мејдан, а на „клоци“ ќе бидат исфрлени и Јаценук и Порошенко.

На Европската унија, за сега, им одговара сегашнава ситуација Донбас да остане како непризнаена територија нешто како Приднестровје или Осетија. Бегалската криза за нив е многу посериозна отколку влијанието што треба да го имаат во Украина. Особено, што според економската ситуација во која се најде Украина, извозот на ЕУ во Украина опадна за над 60 отсто од времето на Јанукович, а како проблем, особено на Гермаија, и е и транспортот на гас низ Украина. Но, во секој случај претставниците на ЕУ ќе прогласат дека Порошенко го спроведува договорот од Минск, бидејќи на тој начин нема да ги симнат снакциите кон Рускија, а во дипломатската шаховска игра топката ќе ја префрлат кон Русија.

САД, кој од позадина постојаноп ја буцка Украина и кој даде директна помош на демонстрантите на Мејдан во соборувањето на Јанукович, извршија притисок преку Викторија Нолад врз пратениците во Врховната рада за прифаќање на устаните измени предложени од Порошенко. На тој начин ја замрзнуваат ситуациојата во Донбас,а со привидно попуштање и натаму ја имаат контролата врз Европската унија. Впрочем и потпретседателот Џо Бејден при убедувањето на конгресмените на САД за прифаќање на Договорот за контрола на атомската енергија на Иран, изјави дека на САД се потешко им е да ги убедат Евроспките сојузници за поддршка на САД бидејќи од санкциите спрема Русија ЕУ трпи огромни загуби, особено во земјоделието.

На некој начин и Русија е задоволна од пата-пата состојбата. Остварена им е основната цел, форимрање на бафер, безбедносна зона од НАТО. Во послениве години, западната воена алијанса се повеќе се приблуижува кон границите на Руската федерација. Порано, таквата зона беше Украина, но со промена на курсот на државата и барањето за членство во НАТО и ЕУ, војската на Западната алијанска директно им застана на границите. Поточно, почна да чепка во дворот на Москва. Вака, преку Донбас и Луганс, бафер зоната и натаму е присутна.

Од ситуацијата најмалку се задоволни самите региони Донецк и Луганск, бидејќи она што им го ветуваше Русија за самостој ни републики се уште не се реализира. Од друга страна, Русија не ги прима во состав на Руската федерација. Русија, користејќи го своето влијание, на два пати ја прекина воена офанзива на побунетите регион и со која се закануваше да излезе надвор од овие области. Освен моралната и хуманитарната поддрша, се уште нема конкретни резултати.

Но, каде е сега излезот од „тупик’ ситуацијата?

Јасно е само едно – Минск 3 нема да има. Особено што Путин веќе не е расположен да игра дамин гамбит со Меркел и Оланд кога се знае кој ги прекршува правилата на играта.

Решението е едноставно.

Или Порошенко доследно ќе се спроведе протоколите од Минск 2, за што резултати ќе има веднаш по средбата на нормандската четворка на 2 октомври или, ќе се афирмира Лениновата дефиницијата за војната. „Војната е концентриран израз на економијата и продолжение на политиката со други средства“

Со други зборови, по уште една војна меѓу регионите и Украина, многу работи ќе се расчистат и основите за преговори ќе бидат поинакви и полесно спроведливи.

 
 
 

Comentarios


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page