ШТО И СЕ ПОДГОТВУВА НА МАКЕДОНИЈА
- Воислав Зафировски
- Oct 6, 2016
- 3 min read

Поаѓајќи од се ова што се случуваше околу извештајот на СЈО, опструкциите и навредливиот однос кон СЈО од страна на позицијата, ставовите изнесени од Г-домците по тој повод, експлицитното противење на ДПНЕ на предлогот на Јанева за измени во Законот за СЈО и особено неизјаснувањето на Уставниот суд по иницијативата за оценка на уставноста на СЈО, одбивањето на претседателот на ОС Скопје 1, Скопје - Панчевски да го прифати барањето за изземање на судечкиот судија за едно од покренатите обвиненија од СЈО, а имајќи го предвид приближувањето на датумот за распуштање на парламентот заради договорените предвремени парламентарни избори во земјата, полека, но сигурно се наѕира сценариото исковано во ДПМНЕ, како одговор на сите оние што сакаат и очекуваат правна разрешница на мега скандалот со изборните фалсификати на актуелната позиција, кои произлегуваат од прислушкуваните разговори што в'сушност и ја втурнаа земјата во најдлабоката политичка криза во нејзината понова историја.
Сценариото е мотивирано од стравот на актуелното раководство на ДПМНЕ, од можноста да се воспостави специјално судско одделение што би ги судело предметите од СЈО, надвор од постојниот силно партизиран и добро етаблиран судски систем во земјава, за кој во Извештајот на Прибе, патем кажано без поговорно прифатен и од раководството на ДПМНЕ, се говори токму тоа, дека е партизирано, корумпирано и подложно на силни влијанија од највисоките претставници на извршната власт. Со еден збор, ако не судат, нека не судат судиите кои ние ги поставивме и овозможивме нивните фамилии добро да се офајдат од разните членувања во управните одбори на разни добростоечки фирми и да се вработени на работни места со високи плати. Тие ќе знаат дали ќе треба да ја определуваат мерката притвор, или некоја друга мерка на претпазливост и најзначајно од се, ќе знаат на кој начин и како да донесат ослободителни пресуди за оние што што силувајќи ја волјата на граѓаните, не доведоа и не втурнаа во оваа криза.

Но, да се вратам на сценариото. Познавајќи ја менталната матрица на Груевски, кој гледа дека СЈО ужива углед и поддршка кај граѓаните на Република Македонија, дека до скоро најголемите и најпосакувани сојузници му свртеа грб и отворено го подржуваат СЈО и нивните барања за измени во Законот за СЈО (тука мислам на амбасадите на САД, Обединетото Кралство, Германија, Франција и делегацијата на ЕУ во Македонија, но и на доскорешните политички коалициони партнери на ДПМНЕ - ДС и ДОМ), нема друга опција освен онаа претпоследната - веднаш по распуштањето на парламентот, на сцена да стапи неговата проверена алатка - Уставниот суд, со одлука која ќе го стави СЈО надвор од правниот поредок на земјата, а со тоа и подигнатите обвиненија ќе се предадат на обвинителството на Зврлевски, кое ќе ги застапува пред редовните судови на начин како што и до сега тоа се чинеше. Во таа ситуација, бидејќи парламентот ќе биди распуштен, нема кој во утврдениот рок да постапи согласно договорот од Пржино, со што, се што слушнавме со сопствени уши дополнително ќе се замагли и покрај тоа што Груевски на првото драматично обраќање кажа дека бил уценуван со дел вистинити, дел полувистинити и дел сечени, лепени и монтирани снимки од разговори за кои пред јавноста никогаш не излезе и не кажа што е вистинито, што полувистинит, а штошто од слушнатите снимени разговори е сечено, лепено и монтирано. Јасно е зошто тоа не го слушнавме од него - затоа што се што имавме можност да слушнеме се автентични снимки, за кои експертите се произнесоа дека можеле да се снимаат само со опремата на УБК. Во прилог на ваквиот став на експертите оди и уништувањето на дел од опремата за прислушување во МВР, за што има и обвинение. В'прочем, зошто некој "чист" би уништувал скапо платена, софистицирана опрема, онака од мирна душа, со ништо не предизвикан и надвор од сите протоколи во МВР?!
Патем да споменам и тоа дека е ступидна е тезата на "експертот" Пандов (кој себе си така се доживува) и неговата ГДОМ компанија, дека Верушевски стои зад прислушкувањето, од едноставна причина. Како е можно покрај директор на УБК и цела свита негови најблиски соработници, Верушески со години да ги снима разговорите, а кутриот тој цела деценија е надвор од МВР?! Ако нешто такво стварно му пошло од рака на Верушески, тогаш секоја му чест, но тогаш целокупното раководство на МВР, заедно со нивните блиски соработници, за тоа ќе треба подолг временски период да поминат во Идризово, бидејќи не ја исполниле нивната уставна обврска за заштита на приватноста на граѓаните!
Ваквото сценарио спомнав дека е претпоследното со кое Груевски ќе се обиде да ја заташка вистината и правната разрешница за причините кои ја доведоа земјата во оваа длабока политичка криза. Него не го интересираат последиците од таквиот потег, но мудро би му било да се обиде да ѕирне што се би можело да се случи во Македонија после еден така глупаво одигран потег...после кој, Господ на помош, доаѓа на ред последното сценарио.

コメント