top of page
СЛЕДИ

ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГО КРШИ УСТАВНИОТ ПРИНЦИП ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И ДОСТАПНОСТ НА СИТЕ Р

  • Воисолав Зафировски
  • Aug 17, 2017
  • 4 min read

Граѓаните на Република Македонија од првиот ден на нејзината самостојност чекаат политичарите да ги остварат своите ветувања за институции со интегритет, за социјална правда, за правна држава во која ќе владее правото подеднакво за сите без разлика на нивната национална, верска политичка, полова припадност и без разлика на нивниот социјален статус. Меѓутоа, цели 26 години Република Македонија не може да се пофали дека има институции со интегритет, нема ниту социјална правда, но тоа што е најстрашно, правдата и владеењето на правото е привилегија за оние што се во власта како и за тие што се блиски до неа. Примери безброј, последиците поразителни - изгубени човечки судбини, растурени семејства, осиромашени граѓани, исселени млади стручни кадри, до состојба граѓаните од своите пари што ги одвојуваат за даноци, државата да им ги плаќа придонесите, најчесто на минимален износ затоа што се вработени во странските капацитети во слободните индустриски зони. Незадоволството во континуитет се манифестираше, што јавно и отворено, што потајно, протести, контра протести, Извештај на Прибе, СЈО, шарена револуција...предвремени избори, ќе ги има, па нема да ги има, договор од Пржино, еден, два, се со надеж дека работите ќе се променат на подобро, дека овие граѓани ќе дочекаат да видат сопствена држава со сите свои атрибути, согласно Уставот и законите на Република Македонија. Дојдоа и предвремените парламентарни избори. Конечно се случија и промени и покрај тоа што партијата што освои најголем број гласови на изборите, стана опозиција. Новата влада, новото владеачко мнозинство ветуваше живот за сите, ветуваше борба против криминалот и корупцијата, почитување и владеење на правото подеднакво за сите...нов пристап во практикувањето на власта и демократијата воопшто. Како дел од шарената револуција, поверував и јас, како и голем број наши сограѓани. Сепак, изгледа дека ниту Владата, ниту парламентарното мнозинство немаат ниту знаење, ниту капацитет да ги одржат дадените ветувања. Сведоци сме како опозицијата во законодавниот дом како бавча ја работи позицијата, си формира десет пратенички групи, ја развлекува и ги опструира дискусиите по точките од дневниот ред, особено по прашањето на конституирање на Собранието, а и сега по прашањето за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски и сето тоа во рамките на законот и собранискиот деловник. Сепак, круна на се беше Одлуката на Владата на Република Македонија и соопштението по однос на неа, според која Владата поставува нови директори на одредени институции, меѓу кои и на регулаторни тела. При тоа, никој не му кажал на премиерот и членовите на Владата дека регулаторните тела се независни тела кои одговараат само пред Собранието, дека се тела чии директори се избираат на јавен оглас, со утврден мандат, а ги избира Управниот одбор на тие тела. Со еден збор, Владата и не смее да помисли да се плетка во изборот и поставувањето на директорите на регулаторните тела, пред се заради тоа што нивната независност е свето правило дефинирано во Париските принципи. Владата истрчувајќи се во офсајд, излезе со соопштение и ги објави најголем дел од имињата на новите директори, освен оние за кои коалиционите партнери треба да дадат нивни кадри, чии имиња дополнително ќе бидат утврдени. Тоа е спротивно на законот, бидејќи Владата не може да ги "поставува" на тие места, едноставно нема мандат за тоа, а не направила напор барем да се информира за процедурите, квалификациите, компетенциите и вештините на кандидатите, што се пропишани дел со закон, дел со интерните акти на институциите. Владата си го поделила колачот, кои места која партија од владеачката коалиција ќе ги добие...така, се говори дека за директор на АЕК ќе биде поставен кадар од ДУИ. Браво...тоа е новиот живот, тоа е демократското практикување на власта?! Во Уставот на Република Македонија се афирмира стручноста и компетентноста, како и еднаквите можности за достапност на секое работно место под еднакви услови за секого, или можеби сега тој дел од уставот повеќе не важи?! Верувам се уште се сеќавате каква бламажа, каква деградација на граѓаните на републикава приреди ДУИ во претходниот мандат, кога за министри во техничката влада постави едвај зрели полнолетници кои и не знаеја каде дипломирале. Министерот за правда тврдеше дека дипломирал на Штуловиот универзитет, за утредента Зијадин Села да излезе и јавно да го демантира, тврдејќи дека министерот дипломирал на наговиот Универзитет?! Се прашувам што е поразлично тоа, од потегот што го влече сега оваа Влада?! Ова е врв на не знаење, врв на елементарна не информираност, та белки шарената револуција не бараше ваков старо нов живот, разликата е само во тоа кој ја раководи Владата, инаку не знаењето и не способноста да се менаџираат одредени суштински работи во општеството, за жал останаа непроменети. Хипотетички, Бил Гејтс да беше македонски граѓанин и по некоја случајност да аплицира за директор на АЕК, нема да може да го добие работното место само затоа што не е кадар на ДУИ?! Сево ова говори дека Владата на Република Македонија, заради не знаење, заради немање капацитет или заради децениски воспоставената пракса директно крши одредени уставни принципи што е спротивно на демократијата, а во едно се повод и причина од земјата да се исселат илјадници млади, стручни кадри, во кои токму државата Република Македонија инвестирала, но за жал, бенефитот од таа инвестиција ќе го користат економиите на некои други држави. Само продолжете така, Ајнштајн навистина бил во право...а јас од ден на ден сум се поголем оптимист дека - НЕМА ДА НЕ БИДЕ, и се прашувам кој ќе биде последниот мохиканец, опс, последниот македонец што ќе го изгаси светлото! [if !supportLineBreakNewLine] [endif]


 
 
 

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page