Лицето на Македонија
- Gjorgji Risteski
- Jan 31, 2015
- 7 min read
Волкот
23. Август 2014 година...возам од Охрид кон Скопје. Возам, уживам во убавината на крајоликот, но наеднаш, штом дојдов до Зајас, започнува пресврт во вкупното доживување на до тогаш пријатното патување.Пред вас во импресивна големина се појавува еден православен и генерално, христијански симбол - двоглав орел, кој всушност е знаме на друга, соседна држава на Албанија...а под него убедливо најубаво уредената гробница во земјава, веројатно на терористичкиот џган што се бореше против безбедносните структури на Република Македонија во 2001 година со паметник кој веројатно ја симболизира нивната "борба за човекови слободи и права". Абе ајде, прикаски за наивни.Се прашувам кому уште не му е јасно дека целата таа лакрдија беше фингирана војна, не беше борба за човекови слободи и права, туку борба за освојување на територии!?Дека беше лакрдија јасно ни е нам, кои од блиску ги следевме настаните...безбедносните сили на Република Македонија стигнуваат до црквата во с. Матејче, се чисти теренот, за предвечерта да стигне наредба за нивно повлекување на почетните позиции; се чисти Шар планина од терористичкиот џган непосредно после артилериската обработка на теренот, за да се добие наредба да не се влегува во с. Шипковица?!; се организира конвој без да се преземат мерки за негово обезбедување...им се обезбедуваат автобуси од НАТО за да се извлечат нивните пулени и да се однесат на за нив безбедна локација; па од тука се прашувам кои воени и полициски стратези ги влечеа тие и такви дилетантски потези или како можеа да прифатат такви наредби кога во почетните уроци за воена и полициска тактика јасно се кажува дека кога се војува во такви услови, најнапред се прави артилериска обработка на теренот, потоа настапуваат оклопни возила и пешадија, се запоседнува теренот, се чисти од останатите терористички групи и се воспоставува легитимна власт и контрола на тој терен, но очигледно или нашите стратези не биле присутни на тие уроци или пак, некој друг (од внатре или од надвор) ги влечел конците, а марионети, фала му на бога се купуваат како на ат пазар и тоа со голем попуст...ситни души кои можете некому како кусур да му ги дадете.Но да се вратам на она грдо чувство и онаа грутка што во градите ми стежна кога го видов она знаме на соседна држава, кое според големината, веројатно е поголемо од она пред владата на Република Македонија, чувство на изиграност од силните ветувања за соживот, чувство како да се наоѓам во соседната држава, а не во мојата родна Македонија, се почувствував национално навреден, напнат или распнат...Многу искрено кажувам дека не сум националист, никогаш не ми пречеле културните, спортските, научните собири и манифестации на граѓаните во Република Македонија, без разлика на нивната национална, верска или партиска припадност, без разлика на нивниот полов или социјален статус. Но тоа што вистински ми пречи, тоа што вистински ме вознемирува како човек што си ја сака сопствената држава, се провокациите со катадневно истакнување на албанското знаме и таму каде што не му е место, притоа знаејќи дека станува збор за знаме на друга држава. Простете, но тоа ги повредува моите национални чувства, ме прави несигурен во сопствената земја...и претпоставувам, кога јас би истакнал македонско знаме на мојата куќа, ќе дојде некој инспектор од надлежна институција и за таквата постапка ќе ме казни и тоа со полно право.Мултикултуризмот не е мафтање со знамиња на туѓи држави, тој пред се треба да е културен натпревар меѓу различните етнички заедници и форма на зближување меѓу нив.Нејсе, продолжив да возам и само што го изминав тој импозантен комлекс посветен на хероите - терористи, се соочив со исти такви симболи, без малку на секоја куќа, па на жица премостена преку целиот пат, на џамиите, па дури и на гробиштата. Ќе каже некој, та тие не се од сега...да но тоа е уште пострашно, излегува дека како држава, како да сме се помириле со тоа.Се сеќавате ли колкава врева се крена во с. Мислешево, село блиску до Струга, кога мештаните се обидоа на своја земја и на свој трошок да го постават државното знаме на Република Македонија. Општинските власти се обидоа со багери да ги спречат граѓаните да го постават знамето на својата држава во сопствениот атар, со објаснување дека за нешто такво немале ниту одобрение, ниту техничка документација?!Да не ви се верува, крембозоиди чие име не е вредно да биде спомнато, без срам излегуваат пред електронските и печатени медиуми и даваат смешно, да не кажам глупаво образложение, а секаде наоколу, појдете само кон Радожда, кон Велешта, кон Радолишта, лично сметам дека нема човек кој би можел прецизно да ги преброи албанските знамињата кои на некои места се наденати и на колчиња, па не им ја знаете ниту целта ниту намената...жити мајка, зарем тие за тоа имаат добиено одобрение или можеби техничка документација?!Знаме на Република Македонија, освен она нелегалното во с. Мислешево може да видете на граничниот премин Ќафасан, и искрено сум се прашал што бара тоа таму, едноставно како да е таму на шега ставено, да збунува, како да не му е местото таму, бидејќи до Ќафасан може да се изнагледате албански знамиња, а натаму, после Ќафасан е Албанија, но факт е, до таму немате шанса да видете македонско знаме.Многу често, дури дегутантно станува прашањето - колкав е процентот на застапеност на албанците во државната и јавната администрација, колкав е процентот на албанци што се на раководни функции...колкав процент од буџетот се троши на албанците...и сето тоа без да се постави суштинското прашање, колку се ефикасни и ефективни тие што се вработени, без разлика на која национална заедница припаѓаат, за потоа да си ги постават и оние обични, формални прашања - од каде и од кои средства се школуваат, од кои средства користат социјална помош, од кои средства земаат пензии, од кои средства се лекуваат, од кои средства земаат субвенции, од кои средства западниот дел од земјата има значително подобра сообраќајна инфраструктура...но затоа никогаш и никаде на јавните настапи на тие што ги поставуваат тие и такви глупи прашања, нема знаме, нема симбол на државата во која живеат и ги користат сите права кои со Уставот и законите на сите граѓани на Република Македонија им се гарантирани, но задолжителен декор им е албанското, америчкото знаме и знамето на ЕУ, еј копуци, каде во Европа, каде во Америка со таков примитивизам, зарем не е тоа лицемерие, зарем на тој начин се гради соживот?! Ако некој незнае, буџетот се креира за потребите на граѓаните на Република Македонија, за проекти од национален интерес, за инфраструктурни проекти кои ќе ги подобрат условите и перформансите за побрз економски развој на цела земја, и не за која било етничка заедница во земјата.Пред неколку години пописот пропадна заради опструкциите на попишувачите од албанска национална припадност (фала богу, не од сите), кои фатија со ред да попишуваат и живи и мртви...а зошто, затоа што и на врапците им е јасно дека процентот на албанците во Република Македонија реално се прикажуваше само додека живеевме во состав на југословенската федерација. Пописот кој беше спроведен во 1991/2 прикажаната процентуалната застапеност на албанската заедница во Република Македонија, всушност беше политички договор на тогаш владеачката коалиција.Сето тоа е резултат на примитивен национализам, на некаква ниска, подла провокација, затоа што и тие што ги ставиле туѓите знамиња знаат дека знамето е симбол на држава, не на народ, впрочем Република Косово има свое знаме кое со ништо ниту потсеќа, ниту асоцира на албанското знаме и покрај тоа што во Косово живее доминантно албанско население.Сето тоа ми наметна прашање, кој е надлежен да го спроведува Законот за знамето во Република Македонија; што значи истакнување на оној двоглав орел, за кој ќе повторам е христијански симбол, а е знаме на друга, соседна држава низ населените места во суверена, називисна, унитарна Република Македонија; дали ние како држава сме развиле толку развиени демократски односи, па би можеле да се гордееме со тоа што на нашата територија секој може слободно да вее знамиња на други држави, онака како ќе му текне и ќе ги истакнува каде ќе посака; та нели се бараа и 62 пратеника во Собранието на Република Македонија за да не се дозволат уцени и застои на планираните проекти...зарем некој мисли дека тоа на нас обичните смртници што не сме дел од албанската етничка заедница во Македонија не ни пречи, не ни ја повредува националната гордост?! Не верувам дека има такви...а ако има, господ да им биде и ним и нам на помош.Навистина не ми е јасно што ни се случува, de jure, демек сме унитарна држава, арно ама, de facto, од тоа што се гледа изгледа живееме во федерална држава или во држава која е помала од официјално исцртаните граници...замислете си каков им е впечатокот на странците кои патуваат кон Охрид, кон Струга, ако ние сме збунети, тие сигурно веруваат дека до тие дестинации се стигнува возејќи се низ две различни држави. Замислете си во Германија, Берлин да осамне со турски знамиња по зградите, САД да осамнат со латиноамерикански знамиња...дали можете да си претпоставите што би се случило тогаш, како би реагирале надлежните им институции...сигурно не како нашиве.Стварно нема смисла да се дозволи во име на мир во куќата, демократските права да се злоупотребуваат и да се користат како терор врз националните чувства на оние граѓани кои Република Македонија ја доживуваат како своја татковина, без разлика на нивната национална, верска или политичка определба. Државата има своја цена, тие што не се подготвени да ја платат нејзината цена, едноставно не ја заслужуваат државата, или попрецизно кажано не заслужуваат да ја водат.Погледнете го примерот на Република Косово, тие многу бргу го заборавија знамето на Албанската држава, насекаде пред сите институции може да се види само знамето на Република Косово, кое по ништо не асоцира на Албанското знаме, но затоа кај нас, во Република Македонија една ќе биде de facto, а друга de jure состојбата...или можеби грешам.Во Собранието на Република Македонија ги имаме оние барани 62 пратеника, па работите белки ќе се сменат...ајде да видеме, ама лично не сум многу сигурен.Јаков Дренковски на времето испеа една песна во која се пееше за илузиите, за шарените лаги за сечии вкус, за амброзијата за душата ваша...но и за знамињата кои се помалку ни значат...веројатно сме тука некаде, навикнувајќи ги очите на туѓи знамиња во сопствената земја, се девалвира вредноста на знамето кое е или треба да биде свет симбол на оваа држава.Ете, на 23. Август 2014 година, јас го видов тоа лице на мојата земја...срамота зар не!!!
Comments