top of page
СЛЕДИ

Војна и привиден мир

  • Writer: Gjorgji Risteski
    Gjorgji Risteski
  • Feb 9, 2015
  • 5 min read

Ѓорѓи Ристески

Примирје во Украина ќе се воспостоави, но мировен договор уште долго нема да има.

Тоа е моја констатација и одговор на нашиве „колумнисти“ за мировниот план на Меркел и Оланд што му го носат на Путин, повикувајќи се на „Дејтонски“ и други договори.

Најверојатно, поради западното влијание и особено од запaдните новиски агенции кои во Македонија влегоа на широка врата по осамостојувањето, заборавивме дека постои и друг свет и се почнавме да гледаме со туѓи очила.

Која е причината што Франција и Германија одеднаш станаа „мировници’ и побразаа со мировен план, кој се уште не е јасен што содржи.

Има многу причини: рефлексиите од контрасанкциите на Русија врз европското стопанство, јаловата војна опција на Порошенко, немирот на границата на Европа....

Тоа се причини кои речиси сите ги знаат. Но, малкумина знаат дека според некои информации Меркел и Оланд сакаат да ја спасат честа, и сопственоста, а и на Европа во украинската криза.

Деновиве, Војската на ДНР објави дека се фатени комуникации на „странски“ јазик во опколеното Дебелцево, на север од Донецк. Според нивните тврдења, во стапица се

фатени седум до 10.000 украински војници, а се претпоставува, од нив, над 2.000 војници се странски „платеници“ или војници на НАТО прераспоредени од Силите за брза

интервенција, што деновиве ги најавија дека ќе се формират во повеќе држави долж пограничниот реон со Русија.

Засега не може да се потврди оваа информација дека е точна, но итното нудење на мир од страна на Меркел и Оланд, прво на Порошенко, па на Путин, наговестува дека Европа не станува тукутака мировнички настроена, особено што САД упорно ја форсираат воената опција и заканите кон Русија.

Згора натоа, Меркел по средбата со Путин, итно замина кај Обама за да го пренесе одговорот и да се договорат за следните чекори.

Дека во ова нешто има вистина ме потсетуваат и настаните во 2001 година кога беше опколено селото Арачиново, а САД набрзина издејствуива со автобуси да се иселат опколените припадници на ОНА, каде се тврдеше дека има и странски платеници.

Меѓутоа, без разлика дали има странски војници во украинската војска или нема, примирје деновиве ќе биде потпишано, кое најверојатно ќе трае подолго и повеќе ќе се почитува од претходните мински договори. Вакво примирје одговара и на едната и на другата страна, не поради огромното разурнување и големите цивилни жртви ( бидејќи нив никој не ги есапи), туку поради сопсвените интереси.

Украинското воено раководство и во овој обид не успеа да ги потисне бунтовниците од Донецк и Лиганс, напротив претрпе големи воени порази и изгуби над 60 квадратни километри од територијата што ја контролираа. Мобилизацијата што ја спроведуваат во рамките на „мировниот план“ на Порошенко не се одвива како што очекуваа, а се повеќе млади им бегаат во околните држави, зачестија штрајковите против власта, војската и против градоначалникот на Киев, а Украина тоне во финасниски долгови кои ќе имаат далекусежни последици по оваа држава.

Порошенко мора да подзастане, да земе здив и малку да се засили, надевајќи се дека САД ќе му дадат оруижје да може да ја продолжи војната, за која веќе ни Украинците не се сигурни дека може да ја добијат. Згора на ова, и лошите односи што ги има со премиерот Јаценук му ја ставаат претседателсата фотелја на три ногарки и почнува да се ниша. Можеби затоа и донесе закон за елитно обезбедување од 25 војници кои му се постојана придружба.

На ЕУ им одговара примирјето за да може и тие малку да се свртат кон сопствените проблеми, особено што новата власт во Грција не се закануа само со излегување од Евро зоната, туку и со дијаметрално спротиставената политика приближувајќи се кон Русија, што е во спротивност со веќе дефинираната надворешна политика на ЕУ. И Кипар, како членка на ЕУ на Русија им ја понуди сопсвената територија за воена база!

На бунтовниците на од Луганск и Донец, примирјето ќе има помогне да се етаблираат во меѓународните односи како фактор со кој Украина, а и ЕУ преговара, со што индиректно се признаваат како чинител во мировниот процес. Покрај ова, тие освоија нови територии кои беа под контрола на украинската војска и време е малку да се консолидираат и да ја воспостават власта и во тие населени места.

За Русија примирјето значи дека тие се на исправната страна и дека нивната политика од почеток е доследна и исправна. Не може да се решава украинската криза без почитувањето на стратешките интереси на Русија што ги има кон Украина и кон влијанието и проширувањето на НАТО кон нејзините граници.

Единствено, вистинскиот мир во Украина не им одговара на САД, но и тие ќе мора да се согласат за примирје бидеќи нивната стратегија за сега не ги дава посакуваните резултати, но во секој случај таа се реализира и во било кои околности американската политика за притискање на Русија нема што да изгуби.

Затоа, наското ќе биде потпишано ново примирје, но сега за разлика од претходниоте ќе мора да биде повеќе официјално и ќе мора да даде некој, некоја гаранција. Имено, до сега преговорите што се водеа во Минск, со посредство на ОБСЕ беа повеќе имитација на преговори, зошто Украина не ги признава бунтовниците на ДНР, а згора на тоа упорно тврдат дека се терористистички организации. А и ОБСЕ нема некои овластувања да може да ја контролиа линијата на разграничување. Можеби за тоа Порошенко во Минск го испрати поранешниот претседате, неговиот ментор Кучма, кои има, но во суштине нема никаков статус во преговорите. Впрочем, Порошенко изјави дека со терористички организации не преговара (?). Но, сега и условите за преговори ќе бидат поинакви. ДНР и ЛНР нема да се вратат на претходната линија на разграничување, зошто во изминатиов месец претрпеа и тие големи загуби и уништени се многу објеки и убиени цивили. Затоа, Порошенко не може да се надева дека едноставно војската на Новорусија на маса ќе му го врати она што тие го освоија со војна.

Како гарант дека Порошенко и партијата на војна во Украина нема повторно да го нарушат примирјето ќе мора да се јави Германија и Франција, како преставници на ЕУ, а како гарант за Новорусија ќе се јави Русија дека и тие ќе ги сопрат обидите на бунтовнициоте да почнат нова војна акција.

Најверојатно, ќе почне да се применува и претходната одлука за разграничување на тешкото вооружување, но сега териториата ќе се прошири на 25 км од линијата на разграничување, за да не може да се пука врз населените места. Но, со тоа и ќе застане ова потпишување за примирје, зошто потпишувањето на мирен говоор ќе бара посериозни отстапки од Украина, а таа во овој момент се уште не е подготвена. Но, за тоа во друга прилика бидејќи има многу повеќе да се говори за интересите на Новорусија, Украина, Русија и САД.

Останува да почекаме што одговор ќе добие Меркел од нејзиниот патрон Обама и што ќе донесе најавената видео миоровна конференција меѓу ЕУ, Русија и Украина.

Commenti


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page