ПРВ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ВО СВЕТОТ
- Dzoster®
- Apr 21, 2015
- 2 min read

Првиот мобилен телефон го има направено Леонид Иванович Кирпијанович во 1957 година
Официјално се смета дека првиот мобилен телефон во светот е произведен во САД. Легендата вели дека на 3 април 1973 директор на Моторола Мартин Купер, шетајќи сам низ Менхетн, демонстративно се јавувал со неговиот мобилен телефон, пред многу изненадени минувачи кои го гледале. Во продажба првиот мобилен телефон за првпат го пушти компанијата Травел Електроникс во 1979 година. Тој тежел 907 грама и чиниел тогашни 3.895 долари, што е приближно со цената на еден просечен автомобил. Така, тогашниот прв мобилен телефон бил поска од миоделот на „тојота корола“, која во САД се продавала за 3.698 долари. Тогаш, месечната претплата била 50 долари , а една минута разговор корисникот го чинела меѓу 24 до 40 центи, што е еднакво на цената на еден галон бензин (3,78541178 литри).

Подобрената верзија на мобилниот телефон ЛК-1 во 1961 година
Но, малкумина знаат дека долго пред прототип на Моторола телефонот, во Советскиот Сојуз се појавил првиот мобилен телефон.. Творецот бил Советскиот радио инженер и промотор на радиотехниката, Леонид Кипријанович. Тој го создаде прототип на телефон погоден за носене - автоматско двостран мобилен радиотелефон ЛК-1 и бил тестиран на 9 Април 1957 година. Мобилниот телефон имал опсег од 20-30 км, но тежел околу три килограми. По една година Кипријанович го усповршил неговиот мобилен ЛК и тежината на телефонот ја намалил за шест пати. Тежел „само“ 500 грама! Новиот уред, исто така, станал и значително намелан , бил голем колку две кутии цигари. Оваа тежина современите мобилни ќе ја постигнат дури во почетокот на 80-тите години. Мобилниот на Кипријанович работел со ГТС преку базната станица (АТР). На тој начин се добил и пренесен сигнали од мобилни телефони во жичената мрежа, но исто така и за пренос на сигнали од жичената мрежа за мобилни телефони. На тој начин со ЛС можело да се јавите на секој фикснена телефон, и обратно. Во 1961 година, Леонид Иванович повторно го усовршил својот изум, кој го нарече радиофон. Како резултат на тоа, и телефонот на Кипријанович исто така е намален и се вклопува во една дланката и тежи само 70 грама! Според големината, тој бил како современиот модерен мобилен телефон, но без екранот и копчињата, туку со бројки на вртење.

Првиот национален телефонски бежичен систем на национална телефонска стана советскиот систем "Алтај", воведен во експериментална фаза во 1963 година. Систем "Алтај" првично работел на фреквенција од 150 MHz, но од 1970 година системот "Алтај" работел во 114 градови на СССР и му е доделени опсег од 330 MHz. Во Воронеж, системот работел до крајот на 2011 година, а бил затворено од економски причини. Сегашниот систем "Алтај" се уште работи во Новосибирск.

Системот „Алтај“
Comments