top of page
СЛЕДИ

ПРЕМИЕР ВО СЛОБОДЕН ПАД

  • Воислав Зафировски
  • Jun 9, 2015
  • 5 min read

Република Македонија има стабилна и посветена влада...реченица која многу често, особено во последниве неколку месеци од оваа година е слушана од премиерот на Владата на Република Македонија. Реченица која има призвук, како премиерот самиот себе си да се убедува и да си дава кураж дека тоа е така.

grujo.jpg

Во таква флоскула, тешко дека некој вистински верува. Дури и на оние ликови од ГДОМ им е јасно дека бродот во кој пловиме, сериозно е оштетен, но се додека некој друг - ние, граѓаните ги плаќаме нивните трибини низ државата, а не

Фондацијата Отворено општество или како милуваат да кажат Соросоидите, тие грчевито ќе се обидуваат да ја убедат јавноста дека за штетата што и е нанесена на Република Македонија е виновна опозицијата, а не тие што вистински и ја нанесоа - лошите луѓе, злите и алчни карактери на ликовите од Владата на чело со премиерот. Циркузот да биде уште поголем, парламентарното мнозинство, барем така гласно се говори, а никој не се појави да демантира, своите души, својата човечност, својата индивидуалност, својата свест и совест, со меница и бланко отставка ги имаат депонирано кај господ или можеби кај ѓаволот, незнам?! И после сево ова, кој е тој што ја држи Македонија во заложништво?! Кој ги држи уздите на законодавците, на извршната и судската власт во свои раце?! Никовски, Ачковска, Пановски, Каракамишева и натаму, со нашите пари ќе не убедуваат во теориите на заговор, а очигледно е, тој што ја држи цела држава во заложништво, веќе е во слободен пад и тој процес никој неможе да го сопре...белки премиерот во слободен пад, со себе од јавната сцена засекогаш ќе ги поведе и гореспоменатите кои со наши пари ни перат мозок и не прават недоветни, има време, ќе видеме. Чудно е како може една влада да биде стабилна и посветена ако после оние силни бламажи, двајца нејзини министри си поднесат неотповиклива отставка, ако директорот на УБК си поднесе неотповиклива отставка, ако премиерот на 18.05. јасно стави до знаење дека нема да има предвремени избори, бидејќи неговата партија го има добиено легитимитетот од граѓаните, а веќе во почетокот на Јуни потпиша договор за предвремени парламентарни избори во Април наредната година. Сега прашањето е дали некој во оваа држава или од ЕУ или пак од САД, ќе му дозволи на премиерот и децата од Владата да тргат граѓани за уши, да ги влечат на избори, дали ќе заглавуваат лифтови, дали ќе носат гласачи од адреси на кои во 60 квадратни метри живеат по стотина луѓе, дали ќе собираат рекет во законски рок (бог да чува и да брани), дали ќе се вршат инспекции на неистомисленици и само заради тоа ќе бидат казнувани, дали ќе се дозволи гласачкиот список, покрај во министерството за правда, да го има и во велелепниот дом на ВМРО - ДПМНЕ; дали во меѓувреме Јавното обвинителство и судот ќе обвинуваат и судат по непишаниот партиски етички кодекс и по меракот на премиерот, а не според Кривичниот законик и Законот за кривичната постапка, дали и натаму грешките со изречените мерки притвор ќе се покриваат со ефективни, но неосновани временски казни...и сето тоа од ексклузивно - патриотски побуди! Лично се сомневам дека тоа некому, кому било ќе му се дозволи да го направи. Едноставно, доста беше. Република Македонија се наоѓа пред сериозен, историски крстопат. Едниот пат води кон јакнење на авторитарниот режим, кој не значи ништо друго освен целосна партизација на институциите, селективно владеење на правото, систем во кој ако не си со нас, тогаш си против нас и местотото не ти е тука, за тебе нема работа, но имаш избор, доброволно да си заминеш од државата или да бидеш во сопствената земја со статус на пес скитник. Со еден збор опасноста од едноумие, од градење на култ на личности е целта до која води тој пат. Но на крајот, таквата неприродна творба да се распадне со несогледливи последици по граѓаните и државата. Вториот пат е дијаметрално спротивен од првиот, тоа е пат што треба да ги коригира грешките направени од осамостојувањето до денес, грешките и на Бранко и на Љубчо и на Никола, што би значело градење на институции кои ќе бидат департизиран сервис на граѓаните, афирмација на принципите на стручност и компетентност, јакнење на корпусот човекови слободи и права, владеење на правото подеднакво за сите, обезбедување целосна функционална, финансиска и организациска независност на судската власт. Отстапките од вториот пат имаат една насока, враќање на патеката по која до сега одеше, во ќорсокак, во политичка криза и безизлез во кој граѓаните и нивната перспектива се колатерална штета. За тој и таков пат, воопшто не ни е потребна никаква смена на власта, таква си имаме и тие тоа што ја протежираат таа опција, мора да се признае, тоа одлично го работат. Господине премиер, ако имвте барем малку човечка доблест, ако имавте чувство за државните и националните интереси, требаше до сега самите да си одите од политичката и од јавната сцена на Република Македонија и тоа од најмалку седум причини. - Се она што го слушнавме од прислушуваните разговори, без разлика кој прислушувал, во најмала рака фрла сериозен сомнеж дека на позицијата сте дојдени низ изборен процес кој може да се окарактезира како фер и демократски; - Фактот што како премиер на Владата на Република Македонија не сте успеале институционално да го заштитите корпусот човекови слободи и права кои се гарантирани со Уставот и законите на Република Македонија, вас и вашата влада ве делегитимира, барем доколку нешто ви значи правото и правниот систем на земјата; - Без ваше заминување, никој, ама баш никој нема да верува во фер, праведна и непристрасна правна разврска на целиот случај "пуч", особено што вие лично бевте обвинителот, веројатно и снимките од ПИМ излегуваа на јутјуб со ваша согласност, со ваша согласност се собираа потписи за прогласување на лидер на опозициска партија за велепредавник (ступидност што ја нема ни во Северна Кореја). Со еден збор, Обвинителството и судската власт се во ваше заложништво; - Со вашето заминување, ќе се создадат претпоставки за деблокирање на сите демократски процеси во Република Македонија, вклучително и на процесите за Евро-атланските интеграции; - Со вашето заминување, ќе се создадат претпоставки за вистинско јакнење на меѓусебната доверба меѓу припадниците на сите етнички заедници во земјата; - Затоа што вие и вашата нечовештина сте проблемот и како таков, вие можете да бидете дел од решението на кризата, но само доколку засекогаш заминете од политичката сцена; - Конечно, за доброто на партијата, во која има многу чесни луѓе, луѓе со човечка доблест и лидерски способности, луѓе кои ќе ја демократизираат партијата и нема од пратениците да бараат депонирање на отставка и меница...тоа за секој случај. Господине премиер, можеби не знаете, но вие сте во слободно паѓање...ако во вас останало барем малку човечка доблест, одете си, не барајте ГДОМ да ве брани, нашите пари не ги даваме за нив, за тие од нас да прават аморфна, послушна маса која треба вас да ве доживува како светец, немојте, бидејќи не само што со тоа нема да ве спасат, туку напротив, уште повеќе ќе ве заглават. Свестете се додека стварно не е предоцна.


 
 
 

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page