top of page
СЛЕДИ

СЕПАК, МАКЕДОНИЈА НЕ Е ВО ПРАШАЊЕ!

  • Воислав Зафировски
  • Jun 13, 2015
  • 4 min read

Преговори.jpg

Многу чуден народ сме ние македонците. Како по правило, бидејќи политичарите не ни се доветни соодветно да си ја согледаат состојбата на која самите и кумувале, ќе ги поделат граѓаните по партиска основа до степен да не сакаат едни со други да се видат и логично, ќе ни дојде некој белосветски авторитет и ќе им каже што се и како треба да направат, а најинтересно е што тоа што велеумните европјани ќе го кажат, кај нас и врапците, веќе со месеци го знаат.

Премиерот кој е во слободен пад, во обид да си ја спаси сопствената позиција, во обид да го сокрие тоа што веќе никој неможе да го сокрие, со вешт маневар ја обвини опозицијата за обид за насилно преземање на власта (?! Неверојатно), во драматично обраќање пред јавноста, со замена на тези и мешање на лончињата ја доведе во прашање Република Македонија. Веднаш се јавија експерти, аналитичари и поддржувачи на ликот и делото на премиерот, безпоговорно верувајќи му на секој изустен збор, а притоа игнорирајќи се она што со нивни уши имаа можност да го слушнат на снимените разговори. Формираа граѓанско здружение, организираа трибини, собираа потписи, небаре сме во средината на минатиот век, кога без закон, со потписи некој може да се прогласи за криминалец. Се сееше ветер и магла во обидот суштината да се стави под тепих. А суштината вели дека владиниот тим, на чело со премиерот се лоши, зли луѓе, на кои им недостига чувство на одговорност кон граѓаните на Република Македонија, без разлика кои се тие, од која партија се, на која етничка заедница припаѓаат, во кои верски објект се молат или кој социјален статус го имаат. Простете, но тоа е основното чувство кое треба човек да го поседува уште пред да појави амбиција да стане политичар. Во една моја претходна колумна ги напишав причините заради кои Груевски треба да си замини од политичката сцена на Република Македонија. Денес, еден ден после неуспешната средба на евро комесарот Хан со четворицата лидери на најголемите и највлијателни политичките партии во земјава да се најде решение за длабоката политичка криза во земјата, а особено по онаа смешна изјава на премиерот во слободен пад, дека Заев направил се за да пропаднат напорите за решение на кризата, бидејќи тој се плашел од соочување со народот (?!), уште повеќе верувам во тоа што сум го напишал. Се чини дека премиерот нема јасна претстава што се се случува во Република Македонија, нема претстава дека тој и неговата влада не успејаа да одговорат на нивната основна обврска - да обезбедад институционални претпоставки за функционирање на државата согласно Уставот и законите, институционално да ги заштитат општествените вредности гарантирани со Уставот и законите на земјата, во кои носечко место има корпусот човекови слободи и права, да ја обезбеди независната позиција на обвинителството и судската власт. Откако се виде дека државата институционално не функционира по ниту една линија, само по себе се подразбира дека тие што се на власт се делегитимирани, а во историјата тој факт, го сакал тоа некој или не, засекогаш ќе биде запишан. И сега некој што не е кадарен да ги консолидира институциите на државата, што не е кадарен да ги заштити со уставот загарантираните општествени вредности, што обвинителството и судството ги држи во активно заложништво, демек сака предвремени избори, ама исто како и овие претходните, тој да ги организира на начин и со методи на вешт коцкар - као, сите карти се во игра, но адутите не ги споделува, тие му се сокриени во ракавот...ех што прават шпагети вестерн филмовите! Сега, во ваква позиција, ако премиерот стварно нема страв од соочувањето со народот, како што милува да каже, зошто му е страв од техничка влада која ќе има лимитиран мандат, да подготви и спроведе фер и демократски избори во Република Македонија. Но кога говорам за фер и демократски избори, не мислам на избори за кои и слушавме и веќе пишував во моите колумни, со тргање за уши и влечење на избори, со расипување лифтови, со собирање рекет во законски рок (?!), со уцени, со закани, со инспекциски надзор само и исклучиво да се казнат неистомислениците...не, затоа што такви избори не се слободни, не се фер и најмалку од се се демократски.

Преговори.jpg

Токму затоа немам претстава дека опозицискиот блок има страв од слободни избори, тие имаат страв од фер и демократски избори според разбирањето на Груевски, бидејќи, веќе кажав таквите избори не би биле слободни, не би биле фер и најмалку од се би биле демократски. Да заклучам, да во случајов некој се плаши и тоа многу се плаши, а стравот доаѓа од најмалку три причини: - На премиерот, повеќе од јасно му е дека со се што се случуваше во текот на оваа година, тој и неговата полетарска влада е делегитимирана; - Исто така, повеќе од јасно му е дека ако се спроведат слободни, фер и демократски избори, организирани од техничка, експертска или преодна влада, на површина ќе излезат вистинските бројки за бројот на гласачи во земјата и ќе имаме победник на изборите со вистински легитимитет добиен од граѓаните, а не од фантомски ликови; - Неможноста да го држи во заложништво обвинителството, судот и останатите институции задолжени за спроведување на законот, може да го доведат во позиција од него да се бара и поинаква одговорност, не само политичка. Предвремени избори ќе има, а како тргнало, ќе има и нова, техничка, преодна ли влада...од тука и заклучокот, дека цело време јавноста е замајувана дека во прашање била Македонија, но се упатува на заклучокот дека не е во прашање Македонија, туку Груевски...освен ако самиот тој не се доживува во стилот, државата, тоа сум јас.


 
 
 

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page