top of page
СЛЕДИ

КОМПАС

  • Воислав Зафировски
  • Aug 19, 2015
  • 2 min read

Има нешто труло во државата Данска...а дека светот е глобално село говори и рефлексијата од таму кај нас па нешто чудно се случува - компасот незнае каде и кон каде треба да се врти. Онолку колку што знаеме од законите на физиката, компасот секогаш треба јасно да ги покажува север и југ, арно ама кај нас, рефлексијата од трулежот во Данска, доведе до таму тој да ги покажува сите страни како север, како и каде да го завртите, за него се е север, освен вистинската насока кон север.

За бељата да биде поголема, така, како без компас почнаа да се однесуваат и некои институции. Полицијата, после деветгодишен молк, поднесе кривична пријава против одговорните во Макпетрол, експресно реагираше Јавното обвинителство со барање да се блокира сметката на компанијата, а судот уште по експедитивно, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството. Бреј, што ти е институционална ефикасност, секоја чест. Арно ама, таквиот потег на институцииве, сериозно се закани да предизвика енергетска криза во земјата. Кога им стана јасно што се може да се случи институциите кои предложија и донесоа решение за замрзнување на сметката на Макпетрол, исто толку експресно ретерираа во своите ставови, така што Обвинителството излезе со нов предлог, сега сосема спротивен на тој што пред неколку дена го елаборираше и бранеше. Се сетија дека доаѓа сезона на подготовка на земјоделските површини за есенска сеидба, голем број стопански капацитети може да прекинат со работа, воздухопловите на нашите два аеродрома ќе се приземјат, бидејќи за се се потребни енергенси, а Макпетрол е најголемиот, а некаде (на аеродромите) и единствен снабдител со енергенси...и најважното од се, заради енергетската криза во земјата, може да се појави застој во владиниот проект - Македонија вработува. Не, во ваквите одлуки нема политика, иако наликуваат на предлози и одлуки со политичка заднина, но проверено, Обвинителството како и Судот, раководејќи се од пријавата на полицијата, сосема независно и непристрасно, почитувајќи го начелото на законитост и штитејќи го јавниот интерес, ја блокираа сметката на Макпетрол. Кога видоа што направија и какви последици се може да предизвикаат нивните независни предлози и решенија, повторно во име на јавниот интерес, во име на спас на граѓаните од последиците од таквите потези, ретерираа. До душа ништо ново за овие простори, та нели и владата ретерираше со законот за хонорарците, со законот за високо образование, ретерираше и по барањата на СОНК, но најзначајното од се е реалниот живот и вистинските потреби и барања на граѓаните, владата во тоа име ретерираше, не за друго. Токму затоа, ние како граѓани, земјоделците, но и стопанството во целина изразуваме нескриена и безрезерва благодарност кон овие независни и надпартиски институции што дадоа автентичен придонес во спречувањето на енергетската, а со тоа и економска криза во земјата. Ех таа трула Данска, што ни направи, ни го згреши компасот, та сега тука во нашава демократска и економски просперитетна Македонија, институциите независно влечат потези без компас. До кога ќе биде така, до кога ќе бидеме заложници на згрешен компас, кој покажува се, освен вистинската северна страна, јас незнам, но ги молам надлежните во Данска, ден поскоро да си ги средат работите кај нив, да го отстранат трулежот, та белки и нам компасот ќе ни се оправи.

http://www.intermedia.com.mk/Default_files/proizvodi.htm


 
 
 

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page