ЈАС НЕ СУМ ШАРЛИ
- Ѓорѓи Ристески
- Sep 21, 2015
- 1 min read

По убиството на новинарите од Шарли Евдо и по местенката што ја направија лидерите на ЕУ демек сите се Шарли, без многу критички да размислат многумина се поистоветија со овој морбиден сатиричен весник и одма, на нивните профили ставија дека и тие се Шарли?! Во новиот број овој весник објави карикатура на трагично загинатото курдско дете во Турција.
На една од карикатурите се следа како Христос оди по вода, а детето се дави. Текстот е: Христијаните може да одат по вода, а муслиоманските деца не можат.
На Втрата карикатура, слика од детето на брегот, кое веќе е удавено и реклама на Мекдоналдс во кое се вели: Промоција - две детски менија по цена за едно.
Не знам што е поморбидно - дали објавените карикатури или НЕ размислувањето на луѓето. Некритично, без да размислат, прифаќаат се што е дојдено од Запад. Демек тие вредности се демократски и ние треба да се стремиме кон нив.
Сакам сега да видам кој нормален човек на својот профил ќе стави „Je suie Charlie ".

Comments