РУСИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗОЛИРА
- Ѓорѓи Ристески
- Oct 3, 2015
- 4 min read

По говорот во Обединетите нации и по прецизните авио бомбардирања во Сирија, се чини дека Путин издејствува уште една, не помалку значајна дипломатска победа.
Во петокoкот, на 2 октомври, во Елисејската палата во Париз, се одржа состанокот на лидерите на "Норманската четворка". Раководителите на четирите земји Петро Порошенко (Украина), Владимир Путин (Русија), Франсоа Оланд (Франција) и Ангела Меркел (Германија). Се состанаа и разговораа за решавање на конфликтот во Донбас, односнои за спроведувањето на договорот Минск 2. Средбата траеше повеќе од четири часа, а резултатите за Украинската страна, (барем на прв поглед) изгледа се многу разочарувачки.
Вреди да се одбележи дека Петро Порошенко, по средбата, сумирајќи ги резултатите рече дека Украина ќе почне повлекување на оружје со калибар помал од 100 мм од линијата за разграничување во Донбас што беше воспоставена на 3 октомври годинава. Да потсетиме, ова прашање беше договорено на претходно на средба во Минск. Но, според него, за Украина војната ќе биде завршена оној момент кога ќе се воспостави комплетна контрола на целата територија на Украина.
"Се додека имаме во окупираните територии, војната не е завршена", - рече, , Порошенко. Според штуирите вести од резултатите на оваа средба, друг бенифит е што Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), за време на претстојните локални избори, ќе имаат пристап до сите делови на територијата на Украина. Во оваа ситуација, улогата да ја голтнат горчлива пилула за ситуацијата во Украина ја презедоа Ангела Меркел и Франсоа Оланд. Поточно, Оланд рече дека за да се одржат избори во Донбас треба да се донесе посебен закон. Очигледно, ова е - заеднички став "на Норманската четворка". Со тоа јасно се стави до знаеље дека треба да се "планот на Морел".
Ангела Меркел, исто така, рече дека тие постигнале договор за усвојување на изборниот закон за Донбас, законот за специјалниот статус на Донбас, како и донесување на Закон за амнестија. Покрај ова, сите кандидати треба да ужива имунитет за изборите во Донбас.
Со оваа седба, Путин стави крај на долгата ескиважа и „замаглоувањето на јавноста“ од страна на Порошенко во врска со Донбас и со чекорите за исполнувањето на договорите од Минск 2.


„СЕЕЊЕ МАГЛА“
Имено, Порошенко направи еден фингиран потез и во Врховната рада го протна законот за измена на Уставот на Украина за поголема децентрализација на регионите, Но во практика тоа ништо не значеше за спроведување на договорот од Минск и за мирно решавање на ситуацијата во Донбас. Образложенито на Порошенко, а и на целата владеачка структура на Украина, беше дека во Донбас не може да се спорведат никакви избори и да се даде никаков посебен статус, се додека не се предаде границата кон Русија (во моментот ја држи народната милиција на Донбас) и додека не се вопосостави контрола на териотиријата на Донбас според украинското законодавство.
Ваквите ставови низ Украина набрзина ги раширија низ народот политичарите на Партијата на Петар Порошенко, го подгреаа националото чувство и го доведоа налродот во заблуда. Практично, со чекорите што ги презема украинскиот претседател, сакаше да се нанесе дипломатска измама за спроведување на договорот од Минск 2 и со притисок на западните сојузници војната да се добие – без војна.
На измените на уставот на Украина се спротиставија радикалите на партијата на Олександар Лашко и десната радикална партија „Солидарност“. Порошенко како да очекуваше таков исход и во согласност со барањето на Запад за елимин ирање на ултра десните партии од власта, веднаш почна затварање на членовите и пратеници на овие партии за корупција и за учество во немирите пред Собранието на Украина по повод донесувањето на измените на Уставот.
На внатрешен план Порошенко издејствува победа. Но, во Париз, Путин го нокаутира со „Планот Морел“. Сега Порошенко ќе ги вади жешките костени од погрешното насочување на јавното мислење во Украина. Деловите од Украина кон Западна Европа, особено Л`вов, радикално го сменија мислењето за Порошенко по средбата во Париз и граѓаните едноставно се прашуваат зошто претседателот шест месеци ги носел во заблуда дека во Донбас избори ќе има отккако ќе биде предадена гртаницата и ќе има целосна контрола ?!
"РУСИЈА НЕ Е ДРЖАВА – РУСИЈА Е КОНТИНЕНТ"
Како сребата во Париз ќе се одрази врз порошенко и врз неговата партија „Партија на Петар Порошенко“ допрва ќе се види. Но едно е сигурно. По средбата во Париз „Планот Морел“ ќе мора да се исполни. Не поради желбите на Путин, туку поради желбите на западните сојузници кои сакаат да го затворат прашањето на Донбас и Украина, особено по голоемата бегалска криза и проблемите што ги имаат со влегувањето на Русија во војната во Сирија. Покрај тоа, Порошенко ќе мора да го исполни овој план за да ги добие и парите за купување гас од Русија за да се спаси Украина од енергетската криза во престојната зима, како и 3,5 милјарди долари за спроведување на локалните избори во Украина.
Се поставува и уште едно прашање: Каде е тука САД, големиот поржувач на Украина и тај ниот сојузник за насилното соборување на Јанукович од претседателската функција на Украина?
САД, особено Обама, по се изгледа се во голоема дефанзива и се уште не можат да најдат соодветни чекори за „даминиот гамбит“ што им го приреди Путин на меѓународен план. САД со години градеа бариера и собиртаа сојузници за блокада на Русија, а ситуацијата во Украина само ја искористија за изолација на Путин.
Се обидоа и со намалување на цената на навтата да го соборат Путин, онакака како што направија во почетокот на деведесетите години на минатиот век кога Советскиот сојуз беше доведен до економски колапс и издејствуваа распад на целиот систем. Се обидоја и со санкции кон Русија – но, резултати нема.
Рејтингот на Путин се чини е највисок од сите претседатели на планетава, Русија бара нови патишта за соработка со други земји и успешно ја надмионува изолацијата, а намалувањето на цената на навтата и на курсот на рубљата, Путин ја искористи за зајакнување на производството во државата и супституција на увозот со домашни производи, особено во земјоделието. И како што кажа еден водител на руската телевизија ТВЦ, Роман Бабајан – „Русија не е држава. Русија е континент. Не може да се изолира.“

Comments