Овааа бомба не може да ја забранат за објавување! БОМБА МАКЕДОНКА
- Ѓорѓи Ристески
- Oct 6, 2015
- 5 min read

Бомба Макдонка
Копајќи по морето информации за почетокот на таканречените „обоени (цветни) револуции“, односно од каде потекнуваат и што им е заеднилко стигнав до Првата руска револуција од 1905 година.
Шаблонот за освојување на власта на сите таканаречени „обоени ревоолуции“ е секогаш и секаде ист. Некоја странска држава, наоѓа организација која ќе почне да сее незадоволство меѓу народот и први на удар се виталлните државни органи – војската, полицијата и правосудството. Поточно, одбрамбените антитела на секој државен организам. Почнуваат вооружени немири, пукања на демонстраните и на полицијата во исто време, вооружен отпор и зафаќање на главниот државен апарат. Така беше и на Мејданот во Киев, така беше и во Каиро, Либија, Грузија, Киргизија, Либан, така се случува и деновиве во Кишењев во Молдавија .... и на секаде каде што „револуционерните сили“ ја освојуваат власта со помош на народот.
Но, тоа е сосема друга тема и за тоа во друга прилика. Да се вратиме на еден период од Руската револуција од 1905 – 1907 годиона, поточно во поточно на 22 декември 1905 година кога по побуната во Севастопољ, Киев, Екатиренбург, Курск... и други градови, во Москва се формира „борбен батљон“, предводен од болшевиците кои требале да се спротистават на царската руска војска. Најпрво демонстрации, потоа пукање од покривите, убиен е првиот руски војник, потоа од покривите е пукано по демонстрантите и се така, веќе видено по сценариото од сегашниоте „обоени револуции“.
Во еден московски кварт, 200-300 работници се забарикадирале и давале силен отпор на владината војска. При тоа, работниците употребувале секакво одружје, но војската не можела да ги победи долго време бидејќи побунетите работници, главно железничари користеле разурнувачки рачни бомби, таканаречени „Бомби Македонки“. Бев изненаден. Имало такви бомби кои во светот биле познати, а кај нас малкумина знаат дека тие постоеле.?! Почнав повторно „да копам“ зошто така ги нарекле, каде се произведувале, како функционирале.....

Бомбата-македонка (Бомба-«македонка») која се чува во политичко-историскиот музен во Москва
Творецот на „Бомба Македонка„ е ресенчанецот Наум Туфекчиев (Ресен, 29. VI. 1864 – Софија, 26. 02. 1926), револуционер, борец за Македонија. Пиротехника учел во Белгија и потоа отвора претпријатие за производство на експлозивни материјали и оружје во Софија. Во својата бомболеарница произведувал бомби со кои ја снабдувал Македонската револуционерна организација.
Во 1895 година, Наум Туфекчиев, кој е потпретседател на Македонскиот комитет основан во март истата година од македонските емигрантски друштва, подоцна познат како Врховен македонско-одрински комитет, организирал работилница за производство на рачни бомби. Неговата бомболеарница која со бомби ја снабдува Македонската револуционерна организација била затворена од бугарската полиција во 1896 година, по поделбата на Македонскиот комитет. По неуспешното Мелничко востание на II македонски конгрес дошло до поделба на Комитетот од кои се одвоиле офицерите на чело со Туфекчиев и формирале друг комитет, но го задржале старото име Македонски комитет. Откако бугарската влада оценила дека не и е потребно да ги заострува односите, ја откажала поддршката и бомболеарницата на Туфекчиев била затворена
Во ова време, поточно во 1986 позната е и аферата на кираџијата Дончо Штипјанчето (Андон Стојанов Тошев) кога му биле откриени овие бомби што ги пренесувал.
Дончо активно учествувал во револуционерната дејност уште од основањето на ќелијата на ТМОРО во Штип. Во состав на ќелијата работела тајна работилница за бомби, која проиизведувала „Бомби Македонки“. Штипската ќелија била задолжена да ги разнесува бомбите до другите ќелии на ТМОРО. Од Битолскиот револуционерен округ било побарано да им бидат однесени бомби и муниција. Било одлучено Дончо да оди во Битола, затоа што бил еден од најискусните борци. Тргнал за Битола, маскиран како трговец со три товари ориз. На влезот во Битола бил запрен од турските колџии, кои се посомневале. Мислеле дека е шверцер на тутун и почнале со бајонетите од пушките да ги бодат вреќите со ориз. Така налетале на бомбите. Дончо се обидел да избега, но бил фатен и затворен. Овој настан народот убаво го опеал во песната „Ми товарил калеш Дончо“

Македонска бомболеарница
Но, како стасале македонските бомби во Првата руска револуција?
Во 1905 година, левите радикална сили се обиделе да ја искористат кризата во економијата и војна со Јапонија. Ленин на Боевиот комитет на болшевиците му препорачува: "основање на борбите одреди одеднаш насекаде, особено кај учениците и работниците ... нека се вооружат како што можат, кој со револвер, кој со нож, некои со со крапа да запалат керозин ... Единиците треба веднаш да започнат воена обука за непосредни операции. Некои сега да почнат со напад со експлозија на полициската станица, од друга - да нападнат на банки да конфискуваат ... Секој одред сам да учи за претепување полицајците ".
Низ цела Русија почнале терористилчки акции. Во јануари 1905 година социјалдемократите организирале борбена техничката група - за увоз на оружје и ширење низ Русија. За да научат како да производуваат бомби, во Македонија бил испратен Скосаревскиј. Тој го донел нацрт-цртежи од железната „бомба Македонка“ за која имале намера да ја произведуваат. Во Франција, купени се фитилите и осигурачи. Техничката група на почетокот ја предводел Н.Буреник, а потоа Софија Познер. Од Централниот Комитет на Болшевицие беше задолжен Л.Красин, инженер по професија. Бомбите почнале да се произведуваат во Киев.
Што се случувало во меѓувреме кај нас, на овие простори. Неспособната Бугарска армија ја надополнуваат Македонците. Како резултат на борбеното искуство на македонските револуционер за време на востанието во Горна Џумаја во 1902 година и Илинденското востание во 1903 година, ресенчанецот Наум Туфекчиев во пролетта 1905 година му предложи на Инспекторот на бугарскиот Инженерски корпус, генерал мајор Георги Вазов, како и на Артилерискиот комитет, план за производство на девет различни видови бомби во сиво леано железо. Комитетот со кој претседава полковник З. Бошев и членовите, капетаните Паприков и С. Величков ги тестираат бомбите на 23 мај и две од нив биле одбрани.
На 23 март 1906 година бил склучен Договор со Наум Туфекчиев за производство на 24.000 квадратни и 24.000 сферични рачни гранати „Македонија“, 2.000 квадратни мини, 10.000 детонатори 12 cm долг. Вкупната цена била 86.000 златни лева. Рачните бомби биле доставени од јануари до октомври 1907 година, а другите меѓу септември и октомври 1908 година. Полнењето, предложено во 1907 година под името “Бомбит“, беше составено од Бертолетова сол, смола и масло. Тестот на сферичните бомби тешки околу 150 гр. покажа распрскување на 270 фрагменти, кои кога ќе погодат предизвикуваат сириозна штета на голема површина.

Два типа на Бомба Македонка
Македонската сферична рачна бомба била леана железна топка со внатрешна сегментација. Ѕидовите на телото биле околу 7 милиметри. Имала голема навојна дупка на врвот, која била затворена со приклучок за запалката на телото од обработен месинг или сиво леано железо. Приклучокот имал дупка во средината за безбедносната запалка и две затворени странични дупки кои биле користени да го зацрстат приклучокот. Кога навојот е во позиција, приклучокот го држи адаптерот на место. Адаптерот формира менгеме за одржување на безбедносната запалка во место кога е монтирана... Бомбата била полна со 80 до 100 гр. на „Бомбит“. Телото било со црна или сива лакирана боја, а на горната страна на адаптерот можело да бидат изгравирани иницијалите на Н.Т. (Наум Туфекчиев).
Квадратните бомби „Македонија“ исто така биле направени од леано железо и имаше ѕидови од 9 мм дебелина. Внатрешноста на телото е поделено за подобрувањето на фрагментацијата. Телото во основа е квадратно, а страните 72:72:75 mm долги. Отворот на врвот беше направен за да го прифати приклучокот. Системот за палење е вообичаен. Бомбата била исполнета со 150 грама “Бомбит“. За време на Првата Светска Војна во случај на потреба на војниците им било дозволено да направат импровизирани рачни гранати во согласност со моделот „Македонија“. Вежбовната верзија на рачната бомба “Македонка“ била со нормални димензии чие тело било исполнето со песок и немало запалка.
Технички карактеристики на сферичната и квадратната рачна бомба “Македонија“: надворешни димензии (72mm; 72mm), внатрешни димензии (58mm; 58mm), дебелина на ѕидот (7mm; 9mm), дебелина блиски на сегментот (3mm; 4mm), тежина на телото (530 гр; 1.240 гр), тежина на запалката од тип “Одрин’ (90 гр; - ?), тежина на запалка стар тип (20гр; 20гр), тежина на полнење (80- 100гр; 150гр), тежина на бомба (630 – 760 гр; 1410 гр) и одложено палење (8сек; 8сек.)

Бомба Македонка опеана во поезија на Болшевиците од Арскиј П. – псевдоним Афанасев Павел Александрович написана во декемвриското вооружено востание во Москва
Comments