РИБА ВО АКВАРИУМ
- Воислав Зафировски
- Oct 28, 2015
- 2 min read

Разбрав дека Неговата Екселенција претседателот на Република Македонија господинот д-р Ѓорѓе Иванов, после мини самитот во Брисел посветен на бегалската криза, гостувал и дал интервју за ТВ Сител. Навистина не ми е јасно зошто ние, физичкита и правни лица плаќаме радиодифузна такса за МРТВ. Нели МРТВ е национален јавен сервис, зошно не таму туку претседателот на државата гостува и дава интервју за партиска телевизија. Кому тоа претседателот се обраќа, та нели е претседател на сите граѓани кои живеат во Република Македонија, без разлика на нивната национална, партиска, полова припадност или социјален статус. Ако е така, а треба да е така, ако сите плаќаме радиодифузна такса за МРТВ, сакаме да го видиме претседателот на јавниот сервис, а не да го гледаме на приватна партиска телевизија, која на граѓаните им нуди, како што би рекол главниот и одговорен уредник на весникот Вечер, секако, под претпоставка стварно тој да е оној што се слуша на една од бомбите на Заев, ку*тон вести, а како такв, белки јасно Ви е кој може да гледа такви вести. Господине Претседателе, Ваша Екселенцијо, не сте избрани да бидете риба во аквариум, земјата е во најдлабоката политичка криза од осамостојувањето наваму, извештајот од Прибе говори за криминал, за корупција, за партизирани институции, за партизација на судството. Странците и ЕК директно се инволвираа во изнаоѓањето на политичко решение за излез од кризата, а вие?! Вие освен што будно ја следите состојбата и пораките до политичките лидери дека мора да покажат лидерство и да го имплементираат договореното од Пржино, од Вас ништо друго не може да се слушне...еден збор еден алтан. Ваша екселенцијо, Вие сте претседател на оваа држава, зарем не гледате каде е проблемот?! Каде се чуло и видело, тие што се најодговорни за наодите од извештајот од Прибе да изготвуваат Акциски план за надминување на констатираните состојби?! Не разбирате дека со изготвувањето на Акцискиот план, Владата ги верификува констатираните состојби, а со тоа и упатува на заклучокот дека проблемот на Македонија е токму Премиерот со владиниот тим. Дали некогаш сте се обиделе да направите разлика меѓу поимите причина, повод и последица?! Ваша екселенцијо, се што можеше премолчавте, наместо како претседател на држава да се однесувате одговорно, од вас да произлегуваат иницијативи и предлози, наместо Вие да притискате за разрешување на кризата, Вие молчите. Што да мислат граѓаните, во најблага форма кажано Вие Ваша Екселенцијо, се однесувате неодговорно, не како да сте под стаклено ѕвоно изолиран во разиденцијата на Водно, туку уште пострашно, се однесувате како риба во аквариум. Зарем не Ви е срам Ваша екселенцијо, ако не од друго, тогаш од презирот во очите на граѓаните за тоа што сте можеле, но веројатно не сте смееле да го сторите, од кого тоа се плашите?!
Commentaires