top of page
СЛЕДИ

НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ !

  • Воислав Зафировски
  • Nov 12, 2015
  • 2 min read

Република Македонија, со објавениот извештај на ЕК, не доби препорака за започнување на преговорите, односно, одлуката дали ќе има или не препорака за започнување на преговорите, ЕК ќе ја донесе на пролет, по завршувањето на вонредните избори во земјава, кога одново ќе се преоценува демократскиот, или подобро кажано човечкиот капацитет на лидерите што не водат. Премиерот во заминување, Груевски, онака во нему својствен, самобендисан стил, со потсмев и презир кон извештајот и пораките од Брисел, прокоментира дека народот е тој што ќе ја испорача оценката за прогресот на земјата и тоа токму на изборите на 24. Април наредната година. И замислете, тоа го направи без и малку срам, што ментална матрица ќе беше тоа?! Тоа што народот треба да Ви го испорача господине Груевски, е вашето признание дека за годините на вашето владеење, од 2006 година наваму, вие и вашиот тим од Република Македонија направивте општествена творба во која царува криминалот и корупцијата, институциите се партизираат и злоупотребуваат, судството се партизира до степен правото да е привилегија за поединци, а пристапот до работните места во администрацијата под еднакви услови и критериуми, само замислена и ветена далечна иднина. Оние пак јадни среќници вработени во вашите слободни развојни индустриски зони се експлоатирани како во времето на големата депресија во триесетите години од минатиот век. Веднаш ќе негирате дека такво нешто никогаш ниту сте сториле, ниту сте рекле, а уште помалку сте признале. Вие мислите дека народот е со кратко помнење?! Не, народот знае, но еве прилика и да ве потсетиме на вашето експлицитно признание. Кога Република Македонија го доби Извештајот од Прибе, бевте затекнати, вашиот коментар доцнеше еден ден, бидејќи тогаш се видовте во огледалото поставено од Европскиот совет...и имаше што да видете - вие, со симнати гаќи. Утредента го дадовте коментарот, обидувајќи се да го релативизирате Извештајот, но признанието беше во ветувањето дека веднаш ќе направите Акциски план за надминување на констатираните состојби (?!) Што е тоа ако не експлицитно признание дека Прибе е сосема во право; што е тоа ако не експлицитно признание дека вие и вашиот владин тим е творецот на тие состојби, или ајде поблаго, демек ништо не сте сториле од 2006 до денес работите да се променат. Зарем сето тоа не ви е доволно да заминете од политичката сцена, како државната, така и партиската, бидејќи вие не направивте зло само на државата, туку направивте зло и на партијата на чие чело сте. Не гледате како крупни политички фигури во далеку поголеми земји од нашата заминуваат од политичката сцена за далеку помали, можеби минорни работи...дел од нив заминаа и на заслужен одмор во казнените институции во тие држави, што чекате вие, Белградско, Букурештанско или Софиско сценарио. Дали не разбирате или не сакате да разберете дека проблемот е во вашата алчност, во алчноста на вашиот тим и во нечовечноста на тие што вие ги позиционирате на клучните позиции во државата. Редно е, редно е со мирно да си заминете од политичката сцена. Доста е со сеење магла, лажење и манипулирање со граѓаните, аман, доста ни е од вашите (не)дела, одете си за ваше добро и доброто на граѓаните што ги поделивте во оваа наша напатена татковина...а патем, внимавајте притоа да не заборавите нешто во вашите торби, се случува да се заборави, дури и со пар медицински ракавици на кои не им се знае намената!


 
 
 

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page