top of page
СЛЕДИ

СТРЕЛБА ПО МАКЕДОНСКИ

  • Ѓорѓи Ристески
  • Dec 21, 2015
  • 3 min read

Стрелба по македонски - техника, методот на борба со огнено оружје, најчесто пиштоли.

Стрелба „по македонски“ вклучува стрелба со две раце во исто време.

Оваа техника овозможува удвојување на огнената моќ .

Неодамна прочитав дека потпретседателот на руската влада – Димитриј Рогозин објавил снимка од стрелиштето каде што пукал со два пиштоли и ја демонтрирал техниката позната во Русија како „Стрелба на македонски начин“.

По „Бомба македонка“, ( за која претходно пишував), назив кој е одомаќинет во Русија уште од Октомвриската револуција, бев изнанеаден за уште еден израз за кој половоина свет знае, а кај нас, речиси ништо не се знае.

http://ruskarec.ru/news/2015/12/20/rogozin-pokazao-umece-gadjanja-iz-pistolja-na-makedonski-nacin-video_552851

Има неколку верзии за потеклото на терминот но интересно е што вели писателот Владимир Богомолов (1924-2003), кој го обвиниле дека го измислил терминот, во писмото упатено до главниот уредник на „Комсомолса правда“.

„ ... терминот стрелба на македонски начин првпат е забележана на страниците во весниците во 1934 година, кога во Марсеј, со адаприрана срелба – по македонски, во присуство на бројно обезбедување, бил застрелан југословенскиот крал Александар и министерот за надворешни работи на Франција, Барту. Во средината на триесетите години со стрелбата на македонски начин, односно со стрелба во одење со два пиштоили ( или револвери) по движечка цел биле обучувани агентите на Федералното биро на Соединетите американски држави и агентите на оперативниот дел на Скотланд- Јард во Англија. Во 1942 година „стрелба по македонски“ ја користат советските воени котраразурнувачи, а од 1944 годна изразот „стрелба по македонски“ се користи низ селиот свет ...“

Атентатот на кралот Александар во Марсеј

Погодувате дека за терминот „стрелба по македонски“ најзаслужен е Владо Черноземски, кој сам го извршил марсејскиот атентат. Тој атентатот го извршил со маузер, скокајки на колата со која се возел кралот Александар, во присуствои на големо обезбедување Со себе имал и уште еден пиштол „валтер“, но најверојатно не пукал од него.

Покрај оваа верзија, постои и уште една верзија дека терминот „стрелба по македонски“ потекнува уште од Балканските војни во 1912 и 1913 година, кога македонските борци за слобода секогаш во борбите користеле два пиштола.

САпоред некои верзии, терминот „стрелба по македонски“ потекнува уште од времето на Филип и Александар македонски, кои преедводејќи ја својата војска стрелале во непријателот во движење.

Многу експерти за стрелаштво за оваа техника „по македонски“ имаат позитивни и негативни мислења. Позитивно е што со два шиштола се засилува огнената моќ, а недостатокот е во прецизноста.

„ Методот на пукање "на македонски" за оперативците кој работеле на тајна задача и не можеле да носат автомат, тешко е да се прецени. Тој е широко распостранет меѓу нашите тајни служби, и меѓу Германците. Тие го искористиле ова доколку се има можност да се "да се носи" втор пиштол. Во 50 години од оперативата, почна навала на портабл (намалено) оружје. Вториот оперативен пиштол како вооружување не беше предвидено. Со заминувањето на олдтајмерите и начинот на кој се постигна фантастичен успех, со два пиштоли со двете раце, веќе е заборавени. Повеќе никој не користи, ниту ние, ниту, пак, на Запад – а со доаѓањето на компактни полуавтоматски пушки, овој метод стана непотребен.“

  • Упатство на А. Попов за стрлба со два пиштола во упатството СМЕРШа

Овој метод на стрелба писателот Владимир Богомолов го опишува во романот „Во август '44“ со која владее главниот лик на романот, постариот поручник, Таманцев.

Приказната за Виктор Пелевин во "Македонската критика на француската мисла" (дел од романот ДПП (НН)) игра со значењето на "стреба по македонски" во однос на филозофски критика. Јунакот на приказната изложува потценувачки критика на современите француски филозофи ", „со двете раце", симболично употреебувајќи стрелба од два револвери.

Затоа, кога ќе го гледате како се пука во Матрикс, кога ќе видите како пука Лара Крофт или Џон Траволта во некој филм на Тарантино, сетете се дека начинот на пукање е „по македонски“.

За жал, во светот намерно се забушотува овој израз, а кај нас е речиси непознат.

Инаку, терминот се уште се кориспти во многу лиутературни дека како метафора на значењето.

еве некои примери:

http://royallib.com/book/kozinets_lyudmila/strelba_po_makedonski_korpus_desantnikov.html

Comments


  • Wix Facebook page
  • Wix Twitter page
  • Wix Google+ page
ПРЕТХОДНИ
Архива
Пребарување по таг
Следете не
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square

Also Featured In

    Like what you read? Donate now and help me provide fresh news and analysis for my readers   

Donate with PayPal

© 2023 by "This Just In". Proudly created with Wix.com

  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page